30 години со ајкули – Дискавери ја слави годишнината со легендарна недела посветена на ајкулите (SharkWeek)

Пред 30 години Дискавери покрена иницијатива за канал кој наскоро стана највозбудлив телевизиски настан за време на летните денови – Недела на ајкулите (SharkWeek). Прославата на 30 годишнината почнува од денес , понеделник , 23 јули – додека пак со ајкулите се дружиме секоја вечер од 22.00 часот.
Главните ѕвезди на програмата се секако ајкулите од сите видови и големини, додека пак гледачите секогаш остануваат фасцинирани од емисиите посветени на големите бели ајкули. Оваа година во неделата посветена на ајкулите на Дискавери каналот ќе учествуваат преку 20 врвни научници и истражувачи, на кои ќе им се придружат и познати личности како што е славниот стручњак за преживување BearGrylls.

Недела на ајкули секој ден ни носи нови и интересни приказни, кои се снимени со помош на иновативни технологии кои ни овозможуваат поглед врз сите уникатни видови на ајкули. Со помош на SHARKCAM, Дискавери ги носи гледачите со места кои никогаш претходно не можеле да бидат забележани со камера.
Распоредот на програмата за Недела на Ајкули 2018 :
BearGrylls против ајкулите ( понеделник, 23.07.2018 од 22.00 часот )
Bear Grylls ги преживува најесктремните околности. Но што се случува кога ќе направи потег врз ајкула која има предност на домашен терен?
Без кафез ( вторник, 24.07.2018 од 22.00 часот )
Професоналниот мајстор на боречки вештини, Rondu Rousey го очекува најголемиот предизвик бидејќи без заштитен кафез ќе мора да нурка со најголемите бели ајкули.
30 години со Ајкули ( среда, 25.07.2018 од 22.00 часот )
Славиме цели 30 години од катастрофално блиските средби со смртта, смртоносните напади и фасцинантните подводни снимки со гостување на многу славни личности.
Година на Ајкулата ( четврток, 26.07.2018 од 22.00 часот )
Поминаа 30 години и време е да нурнеме длабоко во океанот и да го истражиме тајниот живот на еден од најсмртоносните светски грабливци.
SHARKCAM- Најголеми хитови ( петок, 27.07.2018 од 22.00 часот )
Оваа емисија слави 6 години од извонредните откритија на тимот на ,,SharkCam”, но факт е дека ќе видиме и некои катастрофални работи – од повреди на ајкулите до напади врз ,,SharkCam” тимот.

SHARK TANK’ – Недела на ајкулите ( сабота, 28.07.2018 од 22.00 часот )
Милијардерот MarkCuban сака да пронајде и да финансира врвни проекти кои бараат да се вложи доста во нив. За време на своите проекции се соочува со најголемиот грабливец во природата.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк