Утринско кафе со Викторија Петровска : Првото кафе ми е резервирано за со колегите од Телевизија

Со оглед на тоа дека од неодамна сум дел од екипата на ТВ Сонце денот ми почнува порано од претходно, иако морам да признаам дека се’ уште се навикнувам (обично сум спанка). Прв утрински ритуал ми е проверка на социјалните мрежи (дури потоа мијам заби). Потоа следи организација на денот. Првото кафе ми е резервирано за со колегите од Телевизија. Морам да се пофалам дека имам прекрасни колеги, па секое утро кафето го пијам со добар муабет и позитивна енергија. Јас бидејќи сум кафехоличарка знам да си испијам и повеќе кафиња додека не ги средиме вестите кои го одбележуваат денот.

После работното време преферирам да се одморам, а потоа денот ми продолжува најчесто со средба со луѓе кои ми се драги. Обожавам да си ги негувам контактите и пријателствата и цврсто стојам на ставот дека време секогаш има за се’ (ако знаеш како да си го организираш).

Навечер често знам да облечам патики и да се истрчам на кеј, а кога се чувствувам одморена и инспирирана се затворам во соба и пишувам. Ветив дека наскоро ќе го објавам моето ново дело, и работам на него.

За време на викенд (кога не сум на работа) најчесто првото кафе обожавам да го пијам во тишина и сама, а кога сум кај моите, тоа е резервирано за ‘’трачарење’’ со мајка ми која ми е најдобра другарка.

Обожавам ‘’недоговорени’’ кафиња во стилот : ‘’Вики, облeкувај се, за 5 минути идеме на кафе’’ .

Многу љубов има во тие кафиња. ^_^

Денот преферирам да го завршам со добра книга или евентуално интерeсен филм.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк