Проекција на филм: Сино срце / Film Screening: Blue Heart

Придружете ни се на проекција на филмот „Сино срце“.

Повеќе од 3000 хидроенергетски објекти се планирани или се во процес на изградба на последните европски диви реки на балканот кои ќе предизвикаат огромни
штети на овие реки, природата и локалните заедници. Филмот „Сино срце“ зборува за напорите да се зачува загрозениот балкански рис во Македонија, за борбата
за реката Вјоса во Албанија, најголемата слободна река во европа, и за жените од Крушчица во Босна и Херцеговина кои веќе со месеци дежураат на мостот и го
спречуваат почетокот на изградбата на хидроелектраната на реката Крушчица.

Да го спасиме синото срце на Европа!

Проекцијата е бесплатна.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк