Отворен ден Академија за графички и веб дизајн

Академијата за графички и веб дизајн организира втор отворен ден за сите заинтересирани лица кои сакаат да се запознаат со едногодишните стручни студии за Графички дизајнер и Веб дизајнер.

Настанот ќе се одржи на 16 август (четврток) во просториите на Семос Едукација, во период од 12:00 до 17:00 часот.

Содржина на настани:
• Промоција на портфолиото на Академијата која работи од 2006 година.
• Презентација на стручните едногодишни програми за Графички дизајн и Веб дизајн и уписот во новата академска 2018/19 година.
• Учество на кратки работилници и бесплатни предавања од професори.
• Отворена дискусија со наши претходни студенти, кои ја изградиле својата кариера како Графички и Веб дизајнери.
• Презентација на тековни проекти на нашите студенти во Академијата.
• Запознајте ги нашите соработници од бизнис заедницата кои се потенцијални работодавци на студентите од Академијата.

Нашите студенти ќе бидат Ваши домаќини!
Пријавете се на следниот линк: https://bit.ly/2LOmVhK

Повеќе информации:
tel/fax: (+389) 2 3130 900
office: (+389) 2 3255 262 | mob: (+389) 71 223 993
Angelina.Kanchevska@semos.com.mk | www.semosedu.com.mk

 

Facebook Event

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк