Над возможното
Не дека не сме гледале документарци за спортисти, не дека не сме гледале и руски, и тоа имавме и за танчери, ама филмов, навистина нуди интимни дилеми и прашања, важни за секого. И добар е бе!
17.08.2018 – 21.10 ч. Проекција во Куршумли ан
18.08.2018 – 18 ч. „Разговори под Смоква“ со режисерката Марта Прус во Куршумли ан
НАД ВОЗМОЖНОТО
Полска, Германија, Финска/ 2017/ 74’
Маргарита Мамун е елитна ритмичка гимнастичарка која сонува да стане олимписка шампионка. 2017-та е нејзината најважна година во кариерата и последна шанса да си го оствари сонот. Оваа документарна драма, набиена со силни емоции, портретира млада девојка која очајнички се труди да се справи со своите амбиции и да ги исполни екстремните очекувања на своите тренери. Водејќи нè во затворениот свет на руските спортисти, филмот покажува дека рускиот ментален склоп не познава граници.
Facebook Event