Пренџова на слем фестивал во Р. Словенија

Поетесата и слемерка Елена Пренџова ќе учествува на првиот музичко-слем-поетски фестивал „Изрекања“ во Цеље, Словенија што ќе се случува цела седмица, од крајот на август до првата недела на септември. Фестивалот следи богата програма според која се предвидуваат повеќе настапи на учесниците и учесничките, не само во Цеље, туку и во Љубљана, како и мастерклас со таткото на слемот Марк Кели Смит од САД.

Покрај главните настани се предвидува и следење на националниот слем-натпревар и музичките настапи на Горан Бојчесвски Трио, Покет Едишн Трио и Мадер Фанкерс. Меѓу гостите и гостинките, покрај Пренџова, ќе учествуваат и Нина Медвед и Кристиан Кожељ од Словенија, Милан Мијатовиќ и Синиша Рудан од Србија, Петер Семолиќ од Хрватска и Симоне Савоџин од Италија. Пренџова ќе учествува на „Изрекања“ по учеството на Струшите вечери на поезијата во програмата на Млада Струга.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк