Самсунг го претстави новиот заоблен “гејминг” монитор “CJG5” на “Гејмском 2018”

Келн, Германија 27 Август, 2018 – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го претстави својот најнов заоблен монитор создаден за играње игри – “CJG5“ на овогодинешниот “Гејмском 2018“ (Gamescom 2018). Во рамки на овој настан, Самсунг ја изложи својата линија напредни монитори за играње игри кои се опремени со супер ултра-широка “CHG90“ зона за искуства под мотото “Поширок поглед. Победничка игра.“ (анг. “Wider View. Winning Play.”). “Гејмском“ е едно од најголемите светски трговски шоуа за забавната и “гејминг“ индустријата кое оваа година се одржа во Келн, Германија од 21 до 25 август, а изминатата година привлече повеќе од 350 илјади посетители од над 50 држави.

Новите модели на монитори “CJG5“ со дијаметар од 32 инчи (C32JG5) и 27 инчи (C27JG5) во себе ја содржат клучната технологија за играње игри, како “WQHD“ висока резолуција (анг. Wide Quad High Definition), заоблен екран, фреквентност на освежување на слика од 144 херци и висока стапка на контраст. Достапен на светско ниво започнувајќи од третиот квартал од 2018 година, приспособениот за играње модел “CJG5“ овозможува целосно беспрекорно и импресивно “гејминг“ искуство поддржано од технолошката експертиза на Самсунг по разумна и достапна цена.

Како резултат на драстично зголемената побарувачка на монитори наменети за играње игри, се обидовме да понудиме монитор со компетитивна цена, чија премиум технологија ќе биде достапна за поголем број на корисници. Со технолошката експертиза која ја имаме акумулирано низ годините, континуирано правиме напори да ги подобриме карактеристиките за играње – како 144 херци и висока “WQHD” резолуција, кои ќе бидат ценети од поширокиот пазар.“ – изјави Сеог-ги Ким (Seog-gi Kim), Извршен Потпретседател на Одделот за Визуелни Екрани во Самсунг Електроникс.

Моделот “CJG5“ вклучува “WQHD“ резолуција (2,560 x 1,440), која е за четири пати повисока од “HD“ (анг. High Definition), прикажувајќи прецизни и реални слики со подлабоки црни и посветли бели тонови и поенергични бои, како и висок сооднос на контраст од 3000:1. При поврзување со заоблен панел со вертикално порамнување и тристраниот дизајн, моделот “CJG5“ комплетира неверојатна средина што овозможува најдобро искуство при играњето игри и го намалува заморот на очите. Дополнително, аголот на искривување на екранот од 1800R го намалува заморот на очите со намалување на промената на растојанието помеѓу корисникот и екранот. Со реалниот приказ на екранот, моделот “CJG5“ им помага на корисниците кои брзо го менуваат фокусот додека играат игри, дури и во подолги временски периоди.

Фреквентноста на фрејмови од 144 херци овозможува екстремно чувствителна и “респонсивна“ графика која не ја кочи сликата што дополнително го збогатува искуството при играњето игри. Посебниот режим за играње и кино – режимот автоматски го оптимизираат нивото на црни гама зраци, контраст, острина и заситеност на сликата за било кој вид игри и филмови. Корисниците исто така веднаш може да ги проверат и контролираат клучните поставки за време на играта на едноставен начин, користејќи го наменското “On Screen Display“ (OSD) мени на контролната табла со интерфејс во стил на играта.

Во рамки на “Гејмском 2018“, посетителите можеа да го погледнат “CJG5“ мониторот за играње игри на штандот на Самсунг и на штандот на Убисофт. Компанијата Самсунг, заедно со своите партнери Убисофт ПУБГ Корпорација (Ubisoft, PUBG Corp), Варнер Брос (Warner Bros), Дип Силвер (Deep Silver), Сквер Еникс (Square Enix) и Логитек (Logitech) претставија и различни содржини – игри преку Самсунг мониторите наменети за играње, меѓу кои и моделот “CJG5“. Зоната за искуство на Самсунг беше достапна на штандовите на Самсунг и нејзините два партнери, во чии рамки играчите на игри можеа да доживеат неверојатно “гејминг“ искуство преку 49–инчниот супер ултра-широк “CHG90“ модел на монитор. Моделот “CHG90“ е најголемиот “QLED“ (Quantum dot LED) заоблен монитор за играње игри во светот, со фреквентност на освежување на сликата од 144 херци и 1 милисекунда  време на одговор на движење на сликата (Moving Picture Response TimeMPRT)  кој беше претставен на “Гејмском 2017“.

Навистина ни е драго што соработувавме со Самсунг со цел да ја поддржиме и презентираме нашата игра “Дакер 18“ (Daker 18) во рамки на овогодинешното издание на “Гејмском“. Најголемиот “QLED” монитор за играње игри во светот – моделот “CHG90“ со супер ултра-широкиот екран од 49 инчи овозможи да ја претставиме убавината на прикажаните сцени во “Дакер 18“ базирани на вистински пејсажи од Перу, Боливија и Аргентина со неверојатен квалитет на слика.” – изјави Пауло Ј. Гомез (Paulo J. Gomes), Директор и Продуцент на “Бигмун Студија“ (Bigmoon Studios) од компанијата “Дип Силвер“ (Deep Silver).

За повеќе информации за “CJG5 WQHD“ мониторот на Самсунг, посетете ја страната news.samsung.com, , а за да дознаете повеќе за учеството на Самсунг на овогодинешното издание на “Гејмском“, погледнете тука.

 

Клучни Спецификации

 

Модел CJG5
Големина (дијаметар) 27”, 32”
Дизајн Заоблен екран
Боја Темно сива
Резолуција 2,560 x 1,440
Сооднос на екран 16:09
Степен на Заобленост 1,800R
Тип на панел Заоблен со вертикално порамнување (Vertical Alignment Curved)
Светлост 300 cd/m2
Агол на видливост 178o(H)/ 178o(V)
Фреквентност на освежување на слика 144Hz
Контраст (сооднос) 3,000 : 1
Време на одговор 4ms (GTG)
Влезен сигнал 2x HDMI (1x 2.0, 1x 1.4), 1x DP 1.2, Слушалки
Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк