Интервју со Ружица Стојановкса

Младата, талентирана, амбициозна Валандовчанка, авторката на три дела Ружица Стојановкса
последниве месеци на својот инстаграм профил им прирасна за срце на следбеници кои умеат да ја вреднуваат тежината на пишаниот збор проѕирнувајќи низ уметноста која таа периодов интензивно ја испишува.

Викторија: Стојановска сите ние кои ве следиме во секој чекор и ја знаеме големината на вашето неопишливо творештво за само ваши петтнаесет години, забележуваме дека последниов период постојано читателите ги изненадувате со одредени сегменти од некое ваше прозно или поетско дело. На што се должи таквата инспирација?

Ружица: Секогаш имам различни извори на инспирација. Неважно дали тоа ќе биде некоја љубовна приказна која сум ја слушнала, филм кој сум го гледала претходната ноќ или пак песна која за неколку минути ми овозможила да запловам низ времето, секогаш краојт е еднаков. Го отварам лаптопот и истата емоција која се разбудила ја пренесувам.
Да, деновиве пишувам интензивно и дел од напишаното го споделувам со оние кои сакаат да го прочитат. Искрено ми се допаѓа делот со „send message“ при отварање на моето „story“ , во кое што се содржат прекрасни пораки кои ме мотивираат да работам. Уште посреќна сум кога истиот извадок ќе го погледнам и на дел од нивните профили, па сфаќам дека зборовите кои допреле во нив сакат да ги споделат со другите.

Викторија: Дали извадоците се можеби дел од вашето следно дело?

Ружица: Сеуште е многу рано за да се одговори на ова прашање, но сепак ќе ги земам во предвид сегментите кои ќе бидат во корелација со мојата приказна.

Викторија: „   Ме излудуваш гледајќи ме во очи.

                         Дозволувајќи ми да се пронајдам на работ од твојата насмевка.

                         Ме вкусуваш за миг колку гладнава душа да ми ја смириш.

                         Ми го земаш здивот и ми го отежнуваш дишењето.

                         Тежнееш врз мене како мрзливо сонце што се протега наутро.

                         Ми ја допираш слабата точка и го крадеш сето она што е мое.

                         Ми ја земаш гордоста и ми го газиш егото.

                         Максимално ја користиш мојата слабост кон тебе,

                         Додека времето е бескрајно за тебе.

                         Оти знаеш дека јас ќе сакам моето време да е бескрајно пред да ми

                         смрзне телото,

                         и да ми се вкочанат усните.

                         За и тогаш да можам да ти кажам колку ТЕ ЉУБАМ.“– се само дел од вашите стихови кои еве лично мене ми го заледија здивот. Напоменавте дека кружат позитивни коментари после објавите. Кој најчесто ги коментира вашите дела пред да излезат во етер?

Ружица: Постојат многу мал дел на луѓе кои понекогаш ме читаат пред да објавам нешто. Некогаш тоа го прават личности кои ми се подеднакво драги, а честопати знам да прокоментирам и со колеги.

Викториија: Дознавме дека веќе ја подготвувате вашатаа четврта книга. Ќе сакате ли да ни откриете нешто повеќе околу тоа? Што ќе се зборува во неа?

Ружица: Прво морам да напоменам дека ми е посебно мило што за прв пат решив да почнам со пишување роман. Поточно можам да одговорам дека да, работам на четвртата книга но истовремено и на мојот прв роман.
Романот ќе се таложи врз вистинска животна приказна, што со сигурност ми ја отежнува работата со самото она што ми прави да чувствувам голема одговорност да секој настан го обликувам во вистинска форма, да ги подредам настаните по некоја моја скала на интензивост каде предност би имале оние кои ќе го натерат читателот да биде гладен за секоја следна странца, да ја пронајдам таа тесна поврзаност помеѓу ликовите за истите да се вклопат во самата приказна.
Интересно е тоа што романот ќе понуди различни професии кои ќе не однесат на различни станици на кои луѓето секојдневно стојат и ги чекаат своите пет минути или првите здивови од животот. Ќе преовладуваат емотивни моменти кои ќе ги откриваат особините на ликовите кои ќе заживеат помеѓу моите редови. Ќе има многу љубов и страст. Ќе биде неповторлива љубовна приказна со многу кулминации. Очекувајте спектакл.

Викторија: Дали можеби ќе сакате да ни откриете нешто за главниот лик? Најавата ми изгледа мошне возбудливо!

Ружица: Сеуште сум на самиот почеток. Некои делови сеуште не ми се добро дефинирани, но можам да откријам нешто за главниот лик. Таа е силна и борбена жена. Сладострана и страсна истовремено. Жена со две срца. Онаа која ќе докаже како е да се борите за љубов и покрај пречките и неубавините кои таа некогаш знае да ги изнесе на површината. Жена која во себе ќе се моли и ќе посакува само една желба… а вие ќе откриете која е таа.

Викторја: Можам да заклучам дека не очекува навистина нешто што ќе не разнажни. Се знае ли можеби кога ќе го имаме романот во раце?

Ружица: За сега не можам ништо со сигурност да одговорам. Сеуште сум во период каде истражувам дел од професиите кои ќе бидат застапени, пловам на почетокот од океанот. Можеби тоа ќе биде за неколку години.

Викторија: Веќе знам дека ќе вреди да се чека. Ви благодариме многу и со нетрпение ја очекуваме книгата во наши раце. За крај што ќе им препорачате на чиателите?

Ружица: Постојано да одвојуваат здив време едни за други. Да ги спуштат своите котви на брегот од срцето и да ги задржат луѓето кои ги сакаат, затоа што само така секое утро со насмевка би го поздравувале денот.

Share Button