СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ МИ ЈА ДЕФИНИРА ПРОФЕСИЈАТА

Млада, борбена, амбициозна и без влакна на јазикот, вака себеси се опишува Викторија Петровска, девојка која од неодамна ја гледаме на малите екрани. Имено, станува збор за презентерката на Тв Сонце, која минатата недела, покажа дека слободата на изразување е неминовен дел од нејзината професија.

Таа учествуваше на 10тата јубилејна Ораторска вечер ‘’Петар Поп Арсов’’ во Велес и одржа говор кој многумина не ги остави рамнодушни.

‘’Ако сме свесни дека оние со врски не потиснаа и засенија нам со просек 9,90, ако уцените и заканите ни станаа најголем пријател, а слободата на изразувањее нашиот најголем непријател, зошто уште молчиме?

Дајте, да се чуе нашиот глас!’’

‘’Отсекогаш ме учеле она кое го мислам да го кажувам ЈАСНО И ГЛАСНО, колку и да е сурово, вистинито и болно’’ додаде таа.

На нашите читатели ќе им порача да бидат секогаш борци,храбри, амбициозни и гласни.

‘’Нашиот глас мора да биде чуен,

Ние сме на потег”!

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк