5 најдобри ТВ додатоци за Коди

 

Коди (попознат како XBMC) е моќен интернет плеер,  им овозможува на корисниците да гледаат што ќе посакаат. Најдобриот дел кај него е тоа што е комплетно бесплатен и нуди многу занимливости, како што се музичките, спортските и филмските канали, па дури и телевизиски програми.

Доколку сте во потрага по начин како да гледате телевизија без да плаќате на кабловски или сателитски оператори, вие сте на правото место.

Како што споменавме предходно, Коди е „опен сорс“ и е комплетно бесплатен. Само треба да го инсталирате КОДИ на вашиот уред (MAC, Windows, Android, Raspbarry Pie и така натака). После инсталацијата на КОДИ, потребно е да додадете еден од додатоците подолу.

Избравме 5 најдобри додатоци кои ќе ви ги презентираме,  се што треба да направите е да кликнете на kod.tv, изберете го вашиот оперативен систем, во случајов доколку користите компјутер со „Windows“, ја избирате верзијата за истиот.

 

1. Phoenix

„Phoenix“ е релативно нов додаток, но тоа не го прави помалку заслужен. „Phoenix“ нуди многу интернационални канали. Постојано се прават нови апдејти, така што постојано може да очекувате нови интересни функции. Доколку сакате да следите некои светски канали, изберете ја кадегоријата „Crusader88“. Покрај овие канали, имате и онакви каде што можете да изберете дали ќе гледате Филмови,Музика, Новости и слично.

 

2. USTV Now

„USTVNow“ работи со месечна претплата, така што ќе се претплатите преку нивниот официјален вебсајт. Нуди 6 бесплатни американски канали, а за останатите треба да платите 19 долари месечна претплата, така што ќе следите вкупно 28 канали. Доколку ги барате следниве американски канали како „CBS“, „Fox Nes“, „History“, „NBC“ и така натаму, тогаш треба да го користите овој додаток кој што во Америка е еден најдобрите и котира доста високо.

 

3. Navi-x

„Navi-X“ е еден од најстарите ТБ додатоци кој нуди телевизиски канали во живо и има милион корисници. Исто така им нуди на корисниците предлози кои канали се најпопуларни/често следени во текот на 24 часа, последните 7 дена. Овој додаток е еден од најдобрите, особено доколку не знаете што да гледате.

Нуди интернационални телевизиски канали во живо, спорт, акција (моменталните НБА натпревари, Фудбалски натпревари, голф, ИПЛ, крикет натпревари и тн). Исто така можете да ги следите холивудските филмови, вашата омилена музика или омилено ТВ шоу… и што уште не.

Исто така, имате опција да го додадете вашиот омилен канал во „Favorite”опцијата, што ќе ви помогне побрзо да добиете пристап до вашиот сакан канал. Додека пак „Navi-xstreme“ е супер опција за подобро филтрирање на бараните резултати.

4. Vdubt25

„Vdubt25“ е едноставен и многу брзо може да завршите работата со него. Нуди многу канали ширум светот во живо – спорт стриминзи, светски новости, филмови , музика и сл. Исто така нуди опција за телевизиски канали од различни држави, како што се „UK Live TV“, „Ireland Live TV“ и тн. Има и неколку ХД телевизиски канали кој ги прикажуваат сериите „Game of Thrones“, „How i Met You Mother“, „The Big Bang Theory“ и тн. Многу лесно ќе забележите кога последен пат е промената листата на категори, а наскоро се очекува и канал за деца.

5. Stream Engine

„Stream Engine“ е едноставен и ефективен Коди додаток за следење телевизиски канали преку интернет. Предноста на овој додаток е што категоризацијата е многу добро направена во споредба со другите додатоци. „Stream Engine“  ги нуди следниве канали : „Discovery“, „FX“, „Fox Movies“, „MTV“, „Cartoon Network“, „CBBS“, „ESPN HD“, „Sky Sports“, „Fox Sports“, „NBA TV“ и многу други.

Има збирка од нај популарни ТВ серии и голем број на популарни ТВ Шоуа.

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк