10 Интерeсни Факти за „Џурасик Парк“

Сигурни сме дека многумина од вас веќе го гледааа новиот и одличниот „Светот Јура”. Ако сеуште не сте го направиле тоа, сигурно го имате гледано оригиналниот „Џурасик Парк” од 1993 година.

(доколку не сте го гледале, ставете го на приоритетната листата за гледање:)

Обидувајќи се да му оддадеме почит на оригиналниот филм, во оваа статија ќе споделиме не толку познати факти за истиот, за кои ние сметаме дека ќе ве заинтересираат.

[su_slider source=”media: 309″ limit=”0″ link=”custom” arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. „Џурасик Парк“ за малку ќе бил режиран од Џејмс Камерон наместо од Стивен Спилберг. Со излегувањето на книгата, многу режисери биле заинтересирани, меѓу кои кои и Џејмс. Но, неговата идеја била „диносауруси со вонземјани“ и ќе била многу понасилна и покрвава. Отпосле, тој признава дека Спилберг направил добар чекор со вклучувањето на деца во филмовите.

[su_slider source=”media: 313″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. За да се долови крикот на Т-Рексот, користени се звуци од животни како тигар, куче, пингвин, алигатор и бебе слон.

[su_slider source=”media: 317″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Иако го завршил снимањето навреме, Спилберг се брзал за неговиот следен проект – „Шиндлеровата листа“. Бидејќи имало уште одговорности околу пост-продукцијата за „Џурасик Парк“, Спилберг го замолил својот колега Џорџ Лукас да му помогне околу завршните фази. Во филмот има специјална балгодраност до Лукас поради ова. („Џурасик Парк“ за прв пат беше прикажан во Јуни 1993, а „Шиндлеровата листа“ на крајот од истата годината. Иако Спилберг сакал прво да работи на „Шиндлеровата листа“, студиото инсистирало прво да биде завршен „филмот со диносауросите“.

[su_slider source=”media: 321″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Во сцената кога Т-Рексот ги напаѓа децата во џипот марка „Форд“, не било планирано да се скрши стаклото. Врескање на децата во филмот е реално, бидејќи тие не го очекувале тоа.

[su_slider source=”media: 319″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Филмот и книгата го зголемиле интересот за паентологија, резултирајќи со зголемен број на запишани студенти на тој отсек наредните години.

[su_slider source=”media: 324″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Харисон Форд бил планиран за улогата на Др. Алан Грант. Тој ја одбил и улогата му припаднала на одличниот Сем Нил. Откако го гледал филмот, Харисон Форд рекол дека ја направил вистинската одлука.

[su_slider source=”media: 307″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Диносауросот кој е на логото, T-Рексот, воопшто не е од Јура периодот, туку од период 2 милиони години подоцна. Спилберг го користел бидејќи му се допаднало кога го видел во книгите, а откако авторот на книгата бил прашан за тоа, одговорил: – „Знаете, никогаш не ми текна на тоа. Само ми се допадна како изгледа“. 🙂

[su_slider source=”media: 326″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Кога за првпат го гледаме Т-Рексот, го гледаме преку стаклото од џипот. Со ова, Спилберг сакал (и успеал) публиката да се чуствува дека е таму, заедно со ликовите.

[su_slider source=”media: 327″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Иако неговиот лик во филмовите е против тоа, Џеф Голдблум баш мисли дека сафари диносаурус парк е кул идеа.

[su_slider source=”media: 328″ limit=”0″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ arrows=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

  1. Оригиналниот крај на “Jurassic Park“ бил како Др. Алан Грант го контролира скелетот – макета на Т-Рексот и така сите се спасуваат од рапторите. Но, тоа било премногу вештачки, а и самиот Спилберг сакал Т-Рексот да биде јунакот на филмот – како и што беше.

Бонус: Во 2005, откриени се крвни клетки и тквио во фосилизирани коски на Т-Рекс. Со ова откритие, којзнае, можеби клонирањето диносауруси еден ден нависитина ќе стане реалност?!

Наскоро очекувајте и интересни факти за “Светот Јура„ – многумина сеуште го немаат гледано, па не сакаме да откриваме спојлери. 🙂

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк