„Млади оперски надежи”, проф. Коста Трпков

Во понеделник, 22 јуни 2015 г. со почеток во 20 часот, во македонската опера и балет ќе се одржи традиционалниот концерт, „Млади оперски надежи“, проф. Коста Трпков. На концертот ќе настапат студентите од класите по соло пеење на факултетите за музичка уметност од Скопје и Штип. Вокалните солисти ќе ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. На програмата ќе бидат застапени арии од познатите светски автори на оперската уметност, Џ.Верди, Џ.Пучини, В.А.Моцарт, П.Маскањи, Ш.Гуно, Џ.Росини и др.

Ќе настапат вкупно 17 изведувачи, скоро од сите оперски гласови. Изведувачите претходно беа селектирани од стручна комисија составена од: Ѓорѓи Цуцковски-уметнички раководител на операта и диригентите, Иван Еминовиќ и Бисера Чадловска. Вокалните солисти се од класите на професорите: Билјана Јакимовска, Марија Муратовска, Весна Ѓиновска-Илкова, Славица Петровска-Галиќ и Горан Начевски од ФМУ-Скопје и Благица Поп Томова и Борис Трајанов од ФМУ-Штип.
Влезот за концертот е СЛОБОДЕН!

Македонска опера и балет

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк