ПОПУЛАРНА ЦЕНА НА БИЛЕТИ ВО МОБ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „СКОПСКО ЛЕТО 2015“

По повод месецот на музиката, и светскиот ден на музиката 21 јуни, цената на билетите во МОБ е 200 МКД.

21.06.2015 / 21.00 ч. / МОБ ПРЕМИЕРА – ЗАСПАНИУБАВИЦИ – современ балет (според романот на Јасунари Кавабата „Куќата на заспаните убавици“) Кореограф и сценска идеја: Саша Евтимова Костимограф: Александар Ношпал Музика: Милан Димушевски Видео проекција и филм: Предраг Милошевиќ Настапуваат: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Наташа Јосифовска, Гиорги Беридзе (Грузија), Мими Поп Алексова-Атанасовска, Бобан Ковачевски, Марија Кичевска-Шокаровска, Игор Веланоски, Билјана Басмаџиева, Агим Бафтии.

Саша Евтимова zа балетот… Заспани убавици е насловот на извонредниот балет со фантастична раскошна музика на славниот руски композитор Чајковски. Музиката за балетот повеќе од еден век преставува инспирација за неброени кореографи, така што постојат толку многу различни верзии на балетот колку што има балетски ансамбли во светот. Јас сакав да дадам едно ново гледање, нов пристап кон приказната Заспаната убавица која не е раскажана на традиционален начин. Приказната во прв план ги поставува односите помеѓу младоста и староста, сексот, смртта, животот и сеќавањето. Сите овие аспекти придонесуваат кон развојот на еден жив ум. Кавабата ја потенцира способноста на човечкиот ум да фрли светлина на односот на поединецот со светот во кој егзистира. Размислувањата на ликовите за грешките во минатото најчесто се случуваат кога се наоѓаат на прагот на смртта. Тогаш колку очајно ја бараат таа невозможна шанса повторно да ја зграпчат младоста, дури само за миг, и да почувствуваат една почиста егзистенција. Приказната поседува еден лиричен квалитет во кој наоѓаме прикриен реализам. На површината, овие приказни лесно е да ги сместиме во светот на фантазијата и сонот (елементи кои во одредена мера ги поседуваат), но контемплациите и филозофските размисли кои ги нудат се универзални, реалистични и безвремени. Во суштина, ова е приказна за чистата желба. Куќата на Заспаната убавица е куќа на желбата; длабоката желба всушност е желба вистински да сте близок со некого, да се напојувате од нивната младост и убавина, патувајќи низ сеќавањата на Вашиот живот, припомнувајќи се на Вашата младост. Да горите од желба и да не ја изразите е најголемата казна која можете да си ја нанесете. Да се топите и да сознаете крајна нежност, да бидете повредени од Вашето сфаќање на љубовта, да крварите доброволно и со радост, да се разбудите во мугри со раскрилено срце и да се заблагодарите за новиот ден исполнет со љубов, да медитирате за екстазата на љубовта… Да се вратите дома полни со благодарност и да заспиете со молитва за љубениот во Вашето срце и со спомен на Вашите усни. Не го уништувајтоа што го имаш со желба за тоа што го немаш, но сепак сети се дека тоа што го имаш сега, некогаш беше нешто на кое можеше само да се надеваш..

Share Button