Што знаеме досега за новиот „Спајдермен“ филм?

Во период кога супер-хероите доминираат во филмската индустрија, не можеме да го дочекаме следниот таков филм. Иако очекуваме враќање на многу супер-херои (и некои нови) во кино-салите, овојпат ќе се фокусираме на еден кој е облечен во црвено-плаво и скока по згради.
Да, СпајдерменJ

Па, што знаеме досега за новиот филм?Ајде да видиме.

ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД МАРВЕЛ УНИВЕРЗУМОТ

А тоа значи истиот универзум со „Avengers”. Но, да појасниме неколку работи.
Иако стриповите „Спајдермен“ се сопственост на ,,Марвел“, филмските права се сопственост на ,,Сони”. Барем така беше досега.

Но, „Сони“ објави дека ќе почнат соработка со ,,Марвел“ и со тоа оваа филмска франшиза ќе добие сосема нов правец. Поточно, ќе биде дел од ,,истиот свет” со ,,Iron Man”, ,,Hulk”, ,,Thor”, и ,,Captain America”.

Секако, „Сони“ ги задржува сите креативни одлуки и права.

И баш затоа, можеме да го очекуваме Спајдермен во новиот „Captain America: Civil War“
Иако сеуште тоа не е потврдено, (од причини што сеуште немаат најдено актер), сигурни сме дека ќе го видиме во „Avengers: Infinity Wars“.

Пред да почнете да си мислите дека претеруваат, не грижете се. Ова е нешто најнормално – Спајдермен отсекогаш бил дел од „Avengers“. Се си пишува во оригиналните стрипови.

ЕНДРЈУ ГАРФИЛД ПОВЕЌЕ НЕ Е СПАЈДЕРМЕН

Официјалната вест е дека новиот Спајдермен ќе биде тинејџер. Конечно! Тој во стриповите е тинејџер и доликува тоа да се пренесе на филмското платно. Со фактот дека Гарфилд полни 32 годинава, тешко дека може да глуми 15-16 годишник.

Неофицијалната вест e дека е отпуштен уште пред оваа одлука да биде донесена.
Кога минатата година „Сони“ имаше голема гала-вечер, на која беше објавена веста за „Спајдермен 3“, тој не се појави на истата.

Ова се случи во Рио, веднаш по светското првенство во фудбал, каде Ендрју Гарфилд требаше да биде главната звезда на гала-вечера со 750 гости. Но, тој само што пристигнал во Рио и сакајќи да се одмори, го откажал своето присуство. Со ова тој налутил повеќе директори во „Сони“ и бил отпуштен.

Како го знаеме сето ова? Се сеќавате кога пред некое време „Сони“ беше хакиран?
Токму оттаму!

ЌЕ БИДЕ БЕЛЕЦ И ЌЕ СЕ ВИКА ПИТЕР ПАРКЕР…НО МОЖЕШЕ ДА БИДЕ И ПОИНАКУ

Иако ова звучи најнормално, треба да знаете дека еден период се размислуваше за црн Спајдермен. Точно така – Мајлс Моралес!

Ако сте запознаети со стриповите, веројатно веќе го знаете Мајлс. Тој е дел од ,,Ultimate Comics: Spider-Man” и е најмногу инспириран од првиот црн претседател на САД – Барак Обама. Всушност, Мајлс доби голема слава и популарност.

Тој ги има истите моќи како и Питер, добиени на речиси ист начин (радиоактивен пајак, но модифициран после смртта на Питер Паркер….долга приказна:) И, ако се одлучеше за Мајлс наместо Питер во следниот филм, најсилен кандидат за улогата беше Тајлер Џејмс Вилијамс.

Го препознавате? Да, детето од ,,The Walking Dead” и ,,Everybody Hates Chriss”.

Но, како што рековме, новиот Спајдермен ќе биде белец и тинејџер.

ТРЕБА ДА ГО ОЧЕКУВАМЕ ВО ЈУЛИ 2017

Без разлика кој ќе биде одбран за улогата, според најавите овој филм ќе излезе во јули 2017. Секако, сеуште се надеваме дека ќе го видиме ликот во ,,Captain America: Civil War”.
(уште една одлична серија на стрипови која мора да ја прочитате. 🙂

И да, повторно ќе биде одново прикажано неговот потекло – пајак, смрт на близок, учење на одговорност и сето тоа… 🙂 Само се надеваме дека ќе биде што пократко. 🙂

Ако знаете уште нешто кое не го кажавме, споделете го со нас во коментарите. Исто така, ако сакате да прочитате занимливости или вести за одреден филм, известете не.

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк