Македонската опера и балет на „Дубровничките летни игри“

Почитувани,

Чест ни е да Ви го доставиме следното известување:

– Во вторник, 23 јуни, 2015 г. во Дубровник, Република Хрватска, во рамките на фестивалот „Дубровнички летни игри 2015”, ќе се одржи концерт на сцени и арии од операта „Кармен” од Жорж Бизе, ќе настапи солистичка екипа на Македонската опера и балет, во сите солистички улоги:

Ирена Кавкалевска-мецосопран (Кармен); Зоран Сотиров-тенор (Дон Хозе)

Сандра Митровска-сопран (Микаела); Марјан Јованоски-баритон (Ескамилјо)

Катерина Стојановска-сопран (Фраскита); Марика Поповиќ-мецосопран (Мерцедес)

Дејан Стоев-тенор (Ремендадо)  и Драган Ампов-баритон (Данкаиро)

 

Солистите ќе ги придружува Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е – Томислав Фаќини. Концертот ќе се одржи во кнежевиот дворец во Дубровник, со почеток во 21 часот.

Овој настан е реализиран во соработка на Министерствата за култура на Хрватска и Македонија, како и на Македонската опера и балет и фестивалот, „Дубровнички летни игри“.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк