ИГРАЧКИ, БОИЧКИ, ТРАКАТАНЦИ… СОКРИЈТЕ ГО СТИЛСКИ ДЕТСКИОТ НЕРЕД НИЗ ДОМОТ

Голем дел од „родителствувањето“ е посветен на убедување со децата да се средат играчките кои ги оставаат позади себе низ целата куќа. Па дури и откако нередот е среден, тешко е да се задоволи естетиката при складирање на сите сликовници, плишани мечиња, колички, боички и сл. Спречете детскиот неред да ви ја уништи домашната естетика, со помош на следниве наши предлози:

ФИОКИТЕ ПОД КАУЧОТ

фиоки во кауч

На крајот од денот, само отворете ја фиоката под каучот и пикнете се што сте пропуштиле да соберете а ќе ви се најде на патот. И така следниот ден повторно ќе ги најдете насекаде околу вас, па слободно лефтерно испружете се врз вашиот кауч и пуштете си ја омилената ТВ серија.

ЗАВЕСИ НА ПОЛИЦИТЕ ЗА КНИГИ

завеси на полицизавеси

Полиците за книги се клучни при складирање на играчките и детските игри (монопол, не лути се човече, слагалки…), а благодарение на завесите чиј дизајн може да ви одговара со ентериерот ќе го доловат моментот на складност со простерот и внатрешниот дизајн.

ДЕКОРАТИВНИ ТЕГЛИ

теглитегли2

На децата дури и ќе им биде интересно да ги соберат сите боички, креди и ситни џинџурки во овие тегли. Можете теглите да ги исцртате со водоотпорни фломастери или на самите капаци можете да залепите некоја ситна фигура или играчка која ќе биде интересна за децата.

ВИСЕЧКИ ЖАРДИЊЕРИ

жардињери

Освен за садење на цвеќиња, жардињерите можат да ви послужат и како слатка и практична ѕидна декорација во која можете да ги складирате куклите, роботите, сликовниците и боенките.

КАНТИЧКИ ЗА ВО БАЊАТА

кантички бањакантички бања2

Повеќе не мора да чекате сите оние играчки со кои си играат децата во кадата, да се исушат за потоа да ги складирате. Земете мали пластични кантички, избушете ги а потоа прикачете ги на закачалка или мала корниза над кадата. Бонус придобивка е тоа што кога ќе ви дојдат гости на преспивање,  детските кантички лесно можете да ги замените со кантички за возрасни, кои ќе ги наполните со продукти за хигиена што ќе им користат.

ЌОШНА КЛУПА СО КОРПИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ ПОД НЕА

клупа

Како во претходни примери кои ви ги дадовме, та и во овој, корпите под клупата можете да ги користите за се што ќе ви се најде на патот, иди едноставно да си направите сопствен распоред.

МУШАМАТА ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ЧЕТКИ, ПАСТИ И ЧЕШЛИ ОД БАЊАТА

мушпама

Ви текнува на оние мушами што имаат џепчиња во кои можете да ги ставите сите предмети и средства за лична хигиена? Токму тие можете да ги закачите на вратата од детската соба, и во нив да ги ставите сите супер херои или барбики со кои секојдневно си играат.

СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАШИТЕ СОВЕТИ БАРЕМ МАЛКУ, ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ВО ДОМАШНИТЕ ОБВРСКИ!

Share Button