Том Холанд е новиот „Спајдермен“

Пред неколку дена ве информиравме околу тоа што се знаеме за следниот „Спајдермен“ филм. Ви ветивме дека ќе ве известиме ако знаеме нешто повеќе – и еве ја најновата вест: Том Холанд е новиот „Спајдермен“.108959.alfabetajuega-spiderman-tom-holland-favorito-peter-parker

„Marvel“ и „Sony“ решија: младиот актер ќе биде „Спајдермен“ во Марвел универзумот (нешто за кое пишувавме овде). Том Холанд веќе имаше улога во големиот хит „Impossible“, заедно со Јуан Мекгрегор и Наоми Ватс. Неговиот следен голем проект ќе биде „In The Heart of The Sea“, филм режиран од Рон Хауард, со Крис Хемсворт (да, Тор:) во главната улога.

Иако новиот Спајдермен ќе се врати во средно училиште, не би требало да очекуваме уште една приказна за неговото потекло. Исто така, пред неговиот соло филм, новиот Спајдермен прво ќе го видиме во „Captain America: Civil War“, кој ќе излезе следната година.

Додека пак, „Спајдермен“ филмот можеме да го очекуваме дури во 2017.

vfedf

Том Холанд ги победи другите актери кои беа во трката за Спајдермен, меѓу кои: Аса Батерфилд, Чарли Плумер и Метју Линтц.

Иако не е наш прв избор, му посакуваме се најдобро и едвај чекаме да го видиме во новиот костим:)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк