Враќањето на „The X-Files“

Сигурни сме дека многумина од вас веќе знаат дека култната серија „The X Files“ се враќа на малите екрани. Иако само со мал број на епизоди (6), ова е голема вест за светот на телевизијата. „The X Files“ ја емитуваше својата последна епизода пред 13 години, но никогаш никој не ги заборави.

Оригиналната серија беше откажана во 2002, поради мал интерес по заминувањето на главниот актер, Дејвид Духовни. Подоцна во 2008 ги видовме истите ликови во „The X Files: I Want To Beleive“, долгометражен филм кој не помина многу добро на кино благајните.

Но, во текот на своето емитување ова беше една од најуспешана и најгледана серија. Многу подоцнежни серии (на пример, „Lost“) се иснпирирани токму од „The X Files“. Ајде да видиме што знаеме за нејзиното враќање.

Повторно ќе видиме голем дел од главните ликови.

X-files-main

Дејвид Духовни, Џилиан Андерсон, Роберт Патрик, Анабет Гиш, Мич Пилеги и Ц.Џ.Б. Спендер се само дел од екипата која го потврди своето присуство.

– „Fox“ телевизијата веќе објави дека снимањето ќе започне ова лето во Ванкувер.

bc-x-files27nw103
Како и оригиналната серија, овие продолженија ќе бидат снимани во Ванкувер, Канада. Интересно е тоа што креаторот сакал оригиналната серија да ја снима во Л.А., но сакал и поголеми и поубави шуми – па се преместиле во Канада. (после 5 сезони, сепак снимањето е преместено во Калифорнија, со цел да бидат поблизу до другите проекти на Дејвид Духовни)

– Главната тема ќе биде киднапирање од вонземјани

index

Иако се зборуваше дека новата серија ќе биде микс помеѓу вонземјани и митологија на X-Files (најчесто приказни со чудовишта и мистерии), најновите информации ни кажуваат дека главната тема ќе бидат вонземјаните.  Оваа слика која е самиот сет ни го потврдува тоа.

Бидејќи сите детали околу новата „The X Files“ се држат во тајност, ова се сите информации кои можеме да ви ги пренесеме засега. Но, како и секогаш, ќе ве известиме штом ќе има други новости.

Исто така, вредно е да се спомене дека Дејвид Духовни, звездата на „The X Files“ доби своја звезда на Булеварот на Звездите во Холивуд. Честитки, Дејвид!

И за крај, не заборавајте –
trust no one!:)

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк