„ЛЕЖЕЈЌИ НА КАУЧОТ“ -ИРВИН ЈАЛОМ, КНИГА КОЈА ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА

Роден 1931, Ирвин Јалом е психијатар од САД, професор на Стенфорд и писател на романи и есеи, како и на многу стручни дела. Од авторот на „Кога Ниче плачеше“, ова е уште едно дело во кое ни е претставена човековата психа и она што е нејзин двигател.

Јалом на безмилосно суров начин ни прикажува како работи умот на психијатарот…
Книга која покрева важни прашања околу кажувањето на вистината, особено во лекарската ординација…

Ако Фројд и Јунг се обидеа заедно да напишат психоаналитички трилер, сигурно не ќе можеа да се мерат со умешноста на раскажувањето и брилијантниот заплет кој се наоѓа скриен во оваа книга, а пренесен преку живописни ликови извајани од вистински уметник на зборот…

Топло ви препорачуваме да ја прочитате книгата на Јалом која најверојатно ќе ја впиете во еден здив. Оваа книга е издание на новата издавачка куќа „Опиум“, која изобилува со квалитетна литература и внимателно избрани писатели, а нејзините изданија можете да ги најдете на полиците во  кафе-книжарница ВЕШТИЦА  од Скопје.

Share Button