„Травијата“ – влез бесплатен

На крајот на оперската сезона, Македонската опера и балет ќе ги почести своите верни посетители со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за најпопуларната и најизведувана претстава, „Травијата“. Ќе биде изведена во сабота – 4 јули, 2015 година со почеток во 20 часот.

Бесплатните билети можат да се подигнат на билетарницата на Македонската Опера и Балет, секој ден од 10 до 20 часот.

Претставата е режирана од страна на гостинка од Бугарија – Нина Најденова. Насловната улога ќе ја толкува сопранот Благица Поп Томова, тенорот ќе го толкува Зоран Сотиров, додека баритонот ќе го интерпретира Франческо Бајоки-гостин од Италија, диригент – Дејан Савиќ од Белград.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк