Изложба на слики и промоција на книгата „ЦВЕЌЕ НА МИРОТ“ од Живко Поповски – Цветин

Во петок на 10.07.2015 година во КАФЕ-КНИЖАРНИЦА ВЕШТИЦА ќе се одржи промоција на книгата „Цвеќе на Мирот“ и отворање на изложба на македонскиот „амбасадор на мирот“ – уметникот Живко Поповски – Цветин. Поповски повеќе од 30 години создава и подарува слики со цветни мотиви под мотото „Цвеќе на Мирот“, а воедно во 2009-та година тој беше кандидиран за Нобеловата награда на мирот.
На изложбата ЗА ПРВ ПАТ ќе биде изложен дел од сликата која Поповски ја работи веќе година дена и која е пријавена за Гинисовата книга на рекорди. Таа треба да биде 1000 метри долга и 20 сантиметри широка, а од неа до сега се изработени неверојатни 900 метри.
Настанот ќе биде отворен од професор д-р Ферид Мухич, а книгите можете да ги купите по промотивна цена потпишани од авторот.

11012884_1661583530729174_525795142458724116_n
11011528_1661583497395844_3542375522885717761_n
Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк