ИЗЛОЖБА НА ЈОВАН НАУМОСКИ: ФОТОГРАФИЈАТА МИГ НА ВЕЧНОСТА ИЛИ ВЕЧНОСТ НА МИГОТ

Идејата за овој проект насловен како „Фотографијата – миг на вечноста или вечност на мигот“, настаната е сосема случајно. Јован Наумоски дојде до идеја да проба да направи римејк на некоја уметничка слика.
Целта му беше што поверодостојно да ги долови на фотографијата, иако направи некои отстапки во композициската поставеност на моделите на неговите фотографии.
Фотографиите се хронолошки поставени. Како прва фотографија е римејкот на Сандро Ботичели „Портрет на жена (Алегориски Портрет на Симонета Веспучи)“, потоа следи Винсен ван Гог „Портрет на стариот фармер Патрицие Ескалер“, Амадео Модилјани „Портрет на Жана Ебутерн“, Вилијам Морис Хант „Момчето со тапан“, Винслоу Хамер „Нов роман“ и Џозеф Декамп „Крауцеровата соната“.
Ликовите кои се сретнуваат во неговите римејк фотографии се бирани колку што е можно повеќе да наликуваат на оргиналните дела.Изложбата ќе се одржи на 15 јули 2015 год. во НУ Центар за култура „Кочо Рацин “-Кичево, со почеток во 20:00 часот.

Share Button