Како да одржите цврст и стабилен брак, и покрај обврските околу децата

Ех, таа убавина да ги растете и воспитувате децата… Ситните ножиња, малите буцкасти рачиња кои се бесат на вашиот врат, првиот училишен ден…И секако, горчливата расправија со брачниот партнер околу тоа кој ќе оди денес после работа да вежбa, а кој ќе ги чува децата…

Иако децата се најпрекрасното нешто во вашиот живот, нивното пристигање сепак може да создаде тензија во бракот. Помеѓу недостатокот на сон, одвлеченото внимание, расправањето околу тоа кој повеќе им се посветува на домашните обврски, кој почесто ги плаќа сметките, кој знае подобро како се растат деца, а понекогаш и затегнатата финансиска состојба; родителите често ја губат меѓусебната поврзаност која на почетокот била причина за нивното соединување.

Едно скорешно истражување, кое било направено врз 218 брачни двојки за време на првите осум години од бракот, кај оние парови кои имаат деца истражувањето резултирало со неочекувано негативна доза на задоволството во врксата, за разлика од оние кои немаат деца. Истражувачите покрај тоа што откриле дека детните бракови со текот на времето го губат сјајот, исто така откриваат дека пристигањето на бебињата додатно придонесува тоа побрзо да се случи, отколку кај браковите без деца.

ВАЖНОСТА НА БРАЧНАТА ВРСКА

Писателката Нора Ефрона еднаш има изјавено – „Да добиете бебе е исто како да сте фрлиле рачна граната во бракот“. Почесниот декан на универзитетот „Сент Луис“ од Мисури и советник при семејни терапии – Чарли Шмитц заедно со неговата сопруга Елизабет Шмитц, која е преседател на здружението „Успешен Брачен Одраз“, истражувале илјадници брачни двојки од 45 земји ширум светот, се со цел да ги откријат тајните на среќниот брак. Тие велат дека една од клучните работи е да откриете кои треба да ви бидат приоритетите во животот.

„Врската помеѓу мажот и жената треба да се најде на врвот на листата“- вели Чарли. „Врската морате да ја одржувате силна и да ја задржите романтичната енергија, се останото произлегува од овие две работи. Децата се прекрасни, но тие не се единствената цел на бракот.

Затоа, тие советуваат дека кога браковите со деца ќе почнат да се разнишуваат па дури и да се распаѓаат, време е да се промени рутината во која се западнати. „Веруваме дека понекогаш МОРАТЕ бракот да го превртите од негативен во позитивен“ – вели Елизабет.

„Кога сопругот ќе се врати дома а вие веднаш почнете да се расправате околу домашните обврски, застанете веднаш, бидејќи мора да го промените разговорот. Не почнувајте разговор со жалби, започнете го разговорот со некоја пофалба“.

СОВЕТИ КАКО ДА ОДРЖИТЕ ЦВРСТ И СТАБИЛЕН БРАК

Чарли и Елизабет патувале низ целиот свет за да проучат илјадници успешни брачнни двојки. Нивната книга „Градење на љубов која ќе трае: Седумте изненадувачки тајни на успешниот брак“, во детали го опишува она што го научиле, вклучувајќи ги и следниве три клучни откритија:

Посветувајте си време еден на друг – Без разлика дали е ноќен состанок, прошетка низ паркот, или возење велосипеди, МОРАТЕ да поминувате време заедно, за да ги одржите искрите“, вели Елизабет, „Морате да двоите време еден за друг“.

Посветете си време на себе – Покрај времето еден за друг, од иста важност е и времето што ќе си го посветите на себе. „Во најуспешните бракови, сопружниците еден на друг си овозможуваат време за самотија, за да можат да си ги средат мислите или едноставно да ги завршат сопствените обврски“ – вели Елизабет.

Чувства, допири – Успешните брачни двојки ја користат „Морзеоватат азбука на бракот“- вели Чарли. „Се нарекува допирање, тоа е замена за разговарање за чувствата. Само велите – „Толку многу те сакам, што морам да те допрам“.

 

Share Button