ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „БОЕМСКА РАПСОДИЈА ВО ЦРНО“ – ИЛЕ НАУМОВ

Денес, среда 15.07.2015, во кумановскиот ресторан „Версус“, ќе се одржи промоцијата на новата стихозбирка „Боемска рапсодија во црно“ од македонскиот поет Иле Наумов. Промоцијата ќе започне во 19.30 часот, целиот настан ќе се одвива во духот на поезијата и боемското дружење преку читање на стиховите од самата стихозбирка.

Поезијата на Иле Наумов е своевидно патување низ лавиринтите на љубовта и тоа што таа со својата моќ остава зад себе. Искрено и вдахновено, со прекрасно пеење тој ни ги пренесува неговите искуства од љубовта и се што произлегува од неа. Тој не се става во улога на гледател туку активно учествува во неа, пее за разочарувањата, за болката, за убавината и радоста, кои се составен дел од секоја љубов…..

Примероци од оваа стихозбирка можете да најдете во Кафе-книжарница ВЕШТИЦА од Скопје.

…Во времиња тешки и тажни
крај патишта каливи и влажни
кога си во невоља до гуша
влези во мојата душа
таа е боемска
таа само слуша…

 

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.