ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО

Годинашното културно ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2015 започна на 15 јули со изложбата на Државниот архив на РМ „Обединети сме посилни“ по повод 70 годишнината од победата над фашизмот, беше отворена во Ликовната галерија „Амам“.
,,Војните почнуваат во човечките мисли и одбраната на мирот мора да се гради во човечките умови,,
(Уставот на Обединетите нации.)

На изложбата се претставени фотографии и плакати односно пропаганден материјал од Втората Светска војна. Фотографиите и плакатите на изложбата ги обезбедил тим истражувачи на Државниот архив, а дел од нив се на архивот и дел од интернет. На фотографиите има моменти од Кримската, Техеранската, Потсдамската конфренција, средбата на сојузниците на реката Елба…
Изложбата во Ликовната галерија „Амам„ ја отвори др. Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија.

Денес групите G-Notes и Destrix од Гевгелија ќе го промовираат своето прво CD.
На крајот од јули гевгеличани ќе имаат повторно средба со графичарката Ирена Пејовиќ, која потекнува од Гевгелија, а живее и работи во Америка. Всушност таа со годинашниот циклус „Сликата е целосна во искуството“ го продолжува минатогодишното излагање во галеријата „Амам“.
Јулскиот дел од Гевгелиското културно лето завршува со промоцијата на книгата раскази на се поафирмираниот млад писател Стефан Марковски „Продавач на ветер и магла и други приказни“.
Гевгелиското културно лето во втората етапа во август стартува со концертот за пијано на дуото Гелебешеви и Изложба на дела во рамки од Ангел Миов.
Кон крајот на август предвидени се и традиционалните културни манифестации – фестивалот на смоквата „Смоквијада“ со богата музичка програма и Уменски денови. Исто така, ќе биде оржана промоција на новата монографија од Ристо Стамков „Трба трби Гевгелиско по јунакот Леонида„, како и промоција на новото CD на хорот Гортинија.
Покровител на манифестацијата е општина Гевгелија.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.