Скопско Лето : Летечки Пекинезери

ИВО СОЛДАТОЦИЌ е роден на 02.09.1984 година во Скопје, Дипломирал џез кларинет при универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, Неговиот татко е нашиот џез пијанист Драгиша Солдатовиќ – Лабиш. Низ неговата музика какриера има соработувано со Тони Китановски, Илија Пејоциќ. Најактивен е како кларинетис во групата Летечки Пекинезери на која и воедно е и основач заедно со Бојан Петков.

ПЕТАР ХРИСТОВ роден на 11.07.1984 година во Битола. Дипломирал кларинет при Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорот Стојан Димов. Листата на луѓето со кои има соработувано е многу долга, но би се издвоиле групата “Љубојна”, “Баклава”, кларинетскиот квартет “Consonans”. Во Летечките Пекинзери ја има улогата на тенор саксофонист. Тој моменртално е кларинетист во Македонската Опера и Балет.

БОЈАН ПЕТОКОВ е роден на 24.11.1985 година во Скопје. Неговото музичко образование го стекнува преку приватни часови со гитаристот Тони Китановски. Во 2005 година успева како стпендист да почне студии на реномираниот Berklee College of Music во Бостон каде останува само еден семестар. По неговото враќање од САД има соработувано со голем број музичари меѓу кои Тони Китановски, Густаво Агилар. Зоран Маџиров, композиторот и армоникаш Јордан Костов, Оскар Салас, Дејв Вилсон. Член е и на групата Љубојна.

 

КИРИЛ ТУФЕКЏИЕВСКИ е роден на 18.01.1983  година во Скопје. Дипломиран инструменталист (контрабас) на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на Професорот Велко Тодевски, подоцна и дипломиран џез инструменталист на Универзитетот за мизика и применета уметност во Грац. Соработувал со Тони Китановски, Оскар Салас, Анета Качуркова, Дејв Вилсон, Иван Иванов. За време на неговите студии во Грац членувал во KUG Jazz Orchestra и KUG Composers Ensemble.

СЛАВЧО КОЦЕВ  е роден на 05.06.1987 година Велес. Тој е дипломиран инструменталист (тапани и прекусии) при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип во класата на професорот Александар Секуловски . Низ неговата музичка кариера соработувал со Тони Китановски, Јордан Костов и групата Љубојна. Тој како и сите горенаведени е активен и редовен член на Летечки Пекинезери.

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.