ОВОШНИ РАЖЕНИ (рецепт)

Ова лето сладоледот заменете го со овошје на стапчиња… Изладете се и освежете се со вкусните и неодоливи, а сепак здрави ражни. Ние ќе ви помогнеме да ги подготвите.

 

Следи рецепт:

1. Се сецка на парценца овошје по вкус.

2. Се ниже овошјето на стапче.

3. Во јогурт се додава 1 лажица мед и ванилин шеќер.

4. Во измешаниот јогурт се макаат нанижаните стапчиња овошје.

5. Така подготвени се ставаат во замрзнувач 1 до 2 часа. Пред јадење се вадат.

Нека ви е на здравје!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.