Сириска тава (рецепт)

За ЌОФТИЊА потребно:
600 до 800 мешано мелено месо
1 кромид
лукче
1 јајце
презла
сол
бибер
вегета
Се меша убаво месото и се прават ќофтиња.

 

Потребен зеленчук:
1 crn домат на кругчиња
1 до 2 тиквички
црвени пиперки
тиквичка
Се мие зеленчукот, пиперката се чисти од семето и се сече на кругови. Тиквичката и доматот се лупат ама не цели да има шара.
Калапот се мачка со маслиново масло.

[su_slider source=”media: 1801″ limit=”1″ link=”post” width=”720″ height=”520″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”1″ speed=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]
И се реди прво кофте, па зеленчук, кофте па зеленчук итн. Ако остане зеленчук се реди постраните. Доматите се сечат и се редат исто по крајовите и каде што ќе има место. Се става сол, бибер по малце и се прска со 1,5 лажица маслиново масло. Се става во релна на 175 степени, отприлика 1 час. При крај се става фолија за да не загори зеленчукот.

[su_slider source=”media: 1800″ limit=”1″ link=”post” width=”720″ height=”520″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”1″ speed=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]
Дури се пече се прави сос од:
1 конзерва домати
200 ml вода
супена коцка
сол
бибер
Се вари на средна температура 10 мин.
По 1 час се истура сосот во калапот. Релната на 200 степени и се пече уште 30 мин. Може да биде покриено со фолија. Се сервира по вкус. Може тоа да биде со варен ориз и зелена салата.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.