Сите патишта водат кон Струга

Дајте ми крилја ја да си метнам,
И в наши ст’рни да си прелетнам:
На наши места ја да си идам,
Да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата
И с’нце светло зајдвит в гората:
Тамо дарбите природна сила
Со с’та роскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит
Или од ветар сино – темнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина….

Токму во овие стихови на познатата песна “T’га за југ” на Константин Миладинов Струга добива една натприродна светлина и убавина. Во неговите очи тaа е најубавото катче на земјата, што така топло и со јаки бои го слика… Сето тоа е земен рај!

Народната мисла “Сите патишта водат кон Струга” уште еднаш се потврдува. Токму под ова мото општина Струга во соработка со Struga Production го спакуваа промотивниот видео материјал. Во него се прикажани сите убавини, знаменитости кои ги поседува овој град, се со цел да бидат подостапни и поинформативни за сите домашни и странски туристи.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.