„Т.Е. Љ.У.Б.А.М. … Тоа е вистината“ од Александар Алексов – роман кој ќе ве остави без здив

Кога една младешка љубов, несекојдневна, безгрешна и забранета, нема да успее, а зад себе таа љубов ќе остави плодови, тогаш треба да се избориш и да му погледнеш на стравот право во очи. И кога за љубовта ќе изгубиш верба, тогаш таа пристигнува неканета и романтична. Но, дали може да се побегне од сопственото минато?

Неверојатна приказна за љубовта, фасцинација од мајчинска непокорност… Роман на емотивни хроники кои го допираат дното на човековото срце, изнудуваат солзи и радост кои на прв поглед ве задлабуваат во драматичен завршеток, па се раѓаат нови почетоци, животни трагедии со неочекувана радост, а најмногу од се ја доловуваат магијата на вечната и вистинска љубов. Доловена толку длабоко и сучтински, што ќе  ве натера да верувате во неа и уште денеска да ја побарате, да го пронајдете човекот кој знае искрено да љуби.

Овој роман можете да го најдете на полиците од скопската Кафе-Книжарница ВЕШТИЦА.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.