Композициите на Бенедето Демаио

Италијански дизајнер Бенедето Демаио (Benedetto Demaio) трансформира предмети во графички и шарени композиции.

Тој своите уметнички дела ги насловува и дава за нив кратко објаснување…

 

{Среќни контејнери } • Секој ден е празник, ако ги пронајдеш боите на твој начин.

 

{ Ранливост} • Грижи се за својата слабост, таа е дел од твојата душа што ти дозволува да го слушаш здивот на светот.  Не се плаши да бидеш чувствителен.

 

{ Точка на среќавање } • Овој викенд Милано е местото. Тука има многу народ, секој е со своја приказна и  богатството на бои што треба да го сподели.

 

{ Оптичко време } • Изненадувачки е како некои едноставни работи можат да создадат прекрасни ефекти! Ајде да си играме со објектите, да се забавуваме со нив!

 

{ Маѓосничко искуство } • Креативноста има магичност, неверојатна вештина што прави големи нешта да се случат!

 

Галерија на другите композиции…

Share Button