ХЕРОИНАТА БАБА ПАРА ГРДАНОВСКА ОД ИЛИНДЕНСКО КРУШЕВО

Ретки  се, во светската историја на револуциите, да се истакнат и жени-старици. И нашата Илинденска револуцијa не останала “сиромашна” од еден таков лик.  Тоа е баба Пара Грдановска. За жал, речиси,и никаде , со ништо не се споменува, а нејзиното дело, пред и за време на Илинденското востание е големо и заслужува да се спомене. Имено, пред востанието, во Крушево имало куќи во кои сопствениците – фамилиите на разни начини ја помагале подготoвката за претстојното востание. Во тие куќи, тајноста на подготовките како да била повеќе јавна, зашто  фамилиите тесно соработувале со Револуционерниот комитет. Таму вриела силна раздвиженост, умешно прикривана од окото на власта или од несигурни луѓе. Секоја волја, секоја вредност и смелост била мобилизирана за делото на напатениот народ.

Така е и во куќата на Грдановци. Од сите домашни, баба Пара Грдановска е најинтересна, смела и со ретки способности на тактичен човек-жена старица. Одамна во нејзината куќа доаѓале нелегални луѓе.Таа знае што се подготвува, но знае и да молчи! .Нејзината старечка рака не затреперува кога ќе и се наложило да пренесе, во пазуви, архивски материјали на Организацијата, па и оружје. Иако живеела во немаштија , од нејзината уста никогаш не се слушнало поплака. Никогаш не и тежеле непрестаните посети на непознати, но верни на Организацјата . Напртив, баба Пара секогаш давала ласкав и топол прием на револуционерите. Народното дело е влезено длабоко во суштината на нејзиниот живот. Тоа го обмислило, го облагородувало нејзиното живеење во тие доцни старечки денови, така се чувствувала млада, пргава, и над се – херојски.

Иако подгрбавена од бремето на одминатите години , баба Пара Грдановска, чекорела се уште гордо, а одухотвореното и лице , необично и сјаело. Голем број четници токму во нејзината куќа полагале заклетва – односно се ,,покрстувале,, на верност на Организацијата. Таа, многубројните четници, не ги познавала, ниту ги запаметувала, не се интересирала за тоа и не прашувала, кој е, каков е. Штом тој е испатен од “Горското началство”, тоа е доволно. Во лицето на баба Пара, Крушево имало и има , една ведра старица, верна и хероиња.

Такви како неа, станале мајки на востаниците кои ги гледале –негувале кога биле болни, ги перат, им готват. Во тој виор на револуционерна раздвиженост, баба Паа г дочекува и испраќа, подеднакво со неизмерна љубов, каква што може да има едно срце вдахновено, подмладено и пламнало од патриотска жар. Верен борец во времето на на црковните борби со Фанариотите, баба Пара Грдановска и е верна на Илинденската револуција, во која и таа како да беследно ,,изгорува,, во опустошувањето на Крушево по неговото десет дневно живеење во слобода.

За жал, за оваа извонредна старица-херој, нема фотографии како за неа, така и за нејзината куќа- “јатак”. Останало само запишано во книгата на Георги Томалевски “Крушовска република”.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.