МАНИФЕСТАЦИЈА „МАКЕДОНСКА ЛИРСКА ПОЕЗИЈА”

На 08 август (сабота) 2015 година со почеток во 15 часот во Моклишкиот манастир, во близина на Кавадарци ќе се одржи манифестацијата “Македонска лирска поезија”. Организатор на манифестацијата е Милица Паулус, со подршка на Марија Црвенковски.

[su_slider source=”media: 2254″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”540″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”1″ speed=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

“Кавадарци не само што е убав град и има добра локација , има и многу убави манастири и цркви . Не само што тука се јаде најубавото и најслатко грозје – тука се пијат и највкусното вино и ракија во сите бои. Тука во Кавадарци, одекнува и убавиот пишан збор низ рамнини и ридови, а овој пат – во убавиот, преку 1000 години стар манастир Св.Никола во населбата Моклиште. Дали знаете дека првата печатница во Македонија била отворена во населбата Ваташа споена со Кавадарци, а тука ние ќе поминеме. Многу ме радува секој што ќе дојде и ќе ни ја збогати манифестацијата.
Лириката е топла прегратка за најголемите чувства. Таа ги разубавува и неубавите работи. Ги прави светот и животот поубави и не разнежнува. Преостанува уште да уживаме во прекрасните стихови на убавото место, ние – љубителите на лирската поезија.”- вели организаторката на манифетсацијата Милица Паулус.

Учесниците ќе учествуваат со по една песна, а наградите ќе бидат на лице место одредени и доделени. Вкупно ќе има 63 учесници. За најдобрата песна ќе бидат доделени диплома и трофеј, а за наградените песни за прво, второ и трето место ќе се доделат дипломи. И не само тоа, ќе има: прва, втора и трета награда за убаво читање. Ќе има и пофалници и благодарници.

[su_slider source=”media: 2256″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”540″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”1″ speed=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

Жири комисијата која ќе ги одредува наградите е во состав на: Милица Паулус (претседател), Марија Црвенковски (координатор), Виолета Сековска, Гордана Коцева, Иван Котев

[su_slider source=”media: 2257″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”720″ height=”540″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”1″ speed=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

Се очекува манифетсацијата да ја посетат околу 150 љубители на убавата лирска поезија.

На манифестацијата ќе земат учество:
1. Весна Јордановска Тасевска – ЗАЛУДНО Е
2. Зора Ивановска – ЉУБЕН
3. Биљана Јандреска – ОВА НАШЕВО , ЗА ЉУБОВ БИЛО ТОКМЕНО
4. Петранка Костадинова – БУРА
5. Павлина Климкар Мејанџиева – СВЕСНА И СОВЕСНА НЕНАСЛОВЕНОСТ
6. Снежана Србиновска Лазаревска – ЛАСТОВИЦА
7. Тодорка Андова – ПЕСНИ БЕЗ СТИХОВИ
8. Илче Стојановски – ВРАЌАЊЕ НА СОНОТ
9. Илија Мерковски – ФРЕСКАТА НА МОЈОТ НАРОД
10. Милка Миндева – ЈАС И ЖЕНАТА,
11. Блажо Стојаноски – ПЕСНА СТИХУВАНА
12. Jовица Ивановски –МАНАСТОРСКО ЕХО
13. Марина Стојанова – ОД ТЕБЕ, НИКОЈ ЉУБОВ ДА ОДВЕДЕ
14. Давор Крстевски –ТРИНАЕСЕТИОТ ЗАВЕТ
15. Надица Тренчева –ЛИРСКИ АПСТРАКЦИИ
16. Мирослав Петровски -ЗАСПАНА ЉУБОВ
17. Тони Павлески – АКО КАМЕНОТ ИМАШЕ ДУША
18. Даница Петровска Дани – ЉУБОВНА ОПОРА
19. Љубиша Петровски –ТЕЛЕСНИ ВИБРАЦИИ
20. Фросина Ѓуревска – ПОЕЗИЈА
21. Ружа Спасовска – ВО ВЕЧНОСТА
22. Радојка Трајанова – ЉУБОВНА ПЕСНА
23. Мирко Томовски – ЕДНОСТАВНО ЧИТАЊЕ
24. Светлана Лазаревска – КРИСТАЛНА ПРАШИНА
25. Ленче Китанова- БОЛКА ОД ТУЃИНА
26. Јагода Величковска – ПРЕГРНАТА ВО СОЗИ
27. Силвана Бојкова – ЖЕЛЕЗЕН КРЕВЕТ
28. Стојан Арсиќ –НИЕДНА НЕ ЗНАЕШЕ ТОЛКУ ДА САКА
29. Каролина Митреска – РАПСОДИЈА
30. Соња Змејкоска – ГОСПОД ВО ТЕБЕ ЖИВЕЕ
31. Павлина Златко Пејковски – ЧИСТ КРИСТАЛ
32. Александар Алексов – ЉУБОВ ОД ЗАБРАНЕТИ СОНИШТА
33. Рушка Димитровска – ПЕСНА ЗА ТЕБE
34. Лидија Максимовиќ – ЗАБОРАВЕН ПОЕТ
35. Јаготка Томовска – ЗА ТЕБЕ МАМО
36. Бојан Бежоски – БЕЗНАДЕЖНА ЉУБОВ
37. Соња Цекова Стојаноска – ЅВЕЗДИ
38. Маја Петровска – ТАМУ ДАЛЕКУ
39. Вероника Костадинова – ТРАГИ
40. Трифун Ѓорѓиески – МОЈАТА КНИГА
41. Јордан Коцевски – ВЕТУВАЊЕ
42. Кристина Цонкинска – СИМФОНИЈА НА БОЛКАТА
43. Рената Пенчова – ЗАДОЦНЕТИ СПОМЕНИ
44. Софија Александра – ЗВЕЗДЕНО ПАТУВАЊЕ
45. Ѓорѓи Панов – ТВРДИНА
46. Лила Арсова Лили – ПЛАНИНСКИ ДВОРОВИ
47. Славица Митровска Цаци – АМАЈЛИЈА
48. Ана Цветаноска – НЕЗНАМ
49. Афродита Тоцили – САКАМ ДА БИДАМ
50. Ставре Јанев – ЧЕКОРЕЈЌИ
51. Лидија Аврамовска – НЕ
52. Панче Младеновски – ХРОНИКА ПОД ЦРЕШАТА
53. Марија Минтова – МИР
54. Верица Станислав Петровска -ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД ТЕБЕ ЗЕМЈО МОЈА
55. Никола Бељански – ТАА НОЌ
56 . Душка Дуња Гиевска – ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ
57. Алексо Тришоски – УНИШТЕН СПОМЕНИК
58. Антеска Андријана – АКО ОДАМ
59.Радица Василјевска – КЛЕТВA
60.Марија Никодоноска – ПОЛНИ КУФЕРИ НОСАМ
61.Лидија Ивановска Крстеска- ЈАС И НЕБОТО
62.Славјанка Љуткова – КОГА БИ МЕ САКАЛ
63. Никола Сарајлија – ДЕНОТ КОГА ЈА СРЕТНАВ

Со себе донесете добро расположение за дружење по манифестацијата!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.