ПОЕТСКА СРЕДБА ВО КАСТЕЛОТ ДУДУЧКИ

Со поетите од групата„ ПОЕЗИЈА ЗА ДУША“ , по традиција и оваа година ќе се одржи поетска средба во КАСТЕЛОТ ДУДУЧКИ, во близина на Куманово на 09. август (недела ) 2015 со почеток во 13 часот.

Организаторите му се заблагодаруваат на Докторот Дудучки и неговата фамилија велејќи: “Тие се прекрасни луѓе и совршени домаќини. Најпрво, голема благодарност за нивната убава и топла гостопримвливост. Кумановчани се весели и друштвени. Не само докторот, туку и целата негова фамилија, се дружат низ песна и смеа, а за севдалинките, им нема рамни. Нема да фали и убавата поезија на Дудучки.”

Манифестацијата најпрво започнува со читање, а потоа следи дружењето. Ќе уживаме во прекрасната панорама, зеленилото и неодоливиот амбиент на КАСТЕЛОТ ДУДУЧКИ. Токму тука, ќе одекне ехото на убавиот пишан збор. Секое ваше присуство ќе ја зголеми нашата радост.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.