Лондон – Њујорк за 1 час

Француската воздухопловна компанија Airbus доби патент за суперсоничен авион, кој ќе може да превезува патници со брзина 4 пати побрза од онаа на звукот. Замислете да може да отскокнете на ден-два од Лондон до Њујорк, а патувањето да не трае 7 часа во еден правец како што е вообичаено, туку само еден час, да – само еден час во насока. Airbus презентираат идеја за авион, со капацитет од околу 20 патници, кои ќе бидат сместени во фотелји слични на лежалки. Според документите, авионот ќе достигнува брзина која е 4 и пол пати повисока од онаа на звукот! За споредба брзината на звукот е 1 234.8 км/ч., а суперсоничениот Airbus ќе развива брзина од 5 512 км / ч. Се прашувате како еден авион ќе стане толку брз? – Одговорот лежи во бројни и различни мотори кои ќе се напојуваат од водород, кој ќе се чуваат во авионот.[su_slider source=”media: 2837″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”640″ height=”540″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]
Дизајнираниот суперсоничен Airbus ќе поседува ramjet мотори, два турбомлазни под трупот и ракетен мотор во задниот дел. А за да се израдуваат љубителите на големите брзини и силните чувства, нагласуваме дека полетувањето ќе биде вертикално. На пистата ултра брзото возило ќе се движи од турбомлазните мотори, а кога ќе се оддели од неа, ќе се активира ракетниот мотор. Откако ќе се крене авионот на висина од 30-35 метри, турбо млазните мотори ќе се приберат во телото на машината. Тогаш ramjet моторите ќе почнат со максимална брзина да ја движат машината нанапред.
Airbus соопштуваат дека дизајнот на авионот е специјално разработен со цел да биде максимално намален силниот звук кој се слуша на земјата при прелетувањето на авионот.Должината на летот од 1 час од Лондон до Њу Јорк е значтително пократка со онаа на Mach2 Concorde која беше 3 часа и 30 минути.
Што мислите, дали би се качиле на овој Airbus?

[su_slider source=”media: 2836″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”640″ height=”340″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 1004″ limit=”1″ link=”lightbox” width=”360″ height=”560″ responsive=”no” title=”no” arrows=”no” pages=”no” mousewheel=”no” autoplay=”0″ speed=”0″][su_slider source=”media: 157,156,155,154,153,152″][/su_slider]

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.