Сказни кои вреди да им ги прочитате на вашите деца – „НОРДИСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ“

Децата сакаат да слушаат приказни. Можат целосно да се занесат и да се задлабочат слушајќи некој добар раскажувач. Денес, за жал, е се помал бројот на тие што ја владеат уметноста на раскажувањето. Но во минатото – а и не мора да се враќаме во подалечното минато – имало вешти раскажувачи, чии приказни за среќа биле забележани на хартија. Приказните се раскажувале најмногу за да ги забавуваат децата и возрасните. Не се раскажувале само убави детски саги, туку и сурови приказни кои долго останувале во сеќавањата. Возбудата којашто децата ја сакаат, ја добиваат во голем обем од старите народни приказни, кои се уште можат да ни ја кренат косата на главата. А и ден денес една добра интерпретација и интеесни илустрации можат да ни дадат нови пристапи кон приказните.

Освен фантазијата и мудроста, во многу приказни им поезија и хумор. Природата игра важна улога. Темните шуми се полни со волшепства и чудни животни. Во морето живеат морски богови и нежни сирени. Виори можат да однесат принцези и северецот може да изведе некого на вистинскиот пат. Разните суштества во приказните се често во сојуз со природните сили, при што се одигруваат низа величествени сцени.

Овој избор на нордиски приказни има ставено акцент врз фантазијата, хуморот и поезијата. Не е чудно тоа што многу приказни личат една на друга. Тие талкале преку земји и кралства со столетија. Во нордиските приказни се среќаваат низа мотиви преземени од други земји, но тие сепак се здобиле и со свои специфични временски и просторни белези. Се разбира постоле и нордиски творци – насекаде може да се наиде на оригинални приказни, коишто ги нема на друго место.

Овој избор содржи народни приказни од Шведска, Норвешка, Данска, Финска и Фарските Острови, и не уверува дека далечното не е толку далечно, а непознатото не е толку непознато, затоа што универзалниот јазик на приказните не носи на ’позната територија’ – во светот на чудесното и имагинарното. Нордиските сказни ни се обраќаат на јазикот кој сме го научиле слушајќи ги сказните во нашето детство.

Оваа прекрасна книга со сказни која е ’забавник’ како за децата така и за возрасните, можете да ја купите во Кафе-Книжарница ВЕШТИЦА, која се наоѓа во скопското Дебар Маало, по цена од 149 денари.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.