Санторини, тркалезниот архипелаг на вулкански острови

Најјужниот остров од архипелагот вулкански острови во Егејското Море -Санторини е веројатно главната атракција на Грција. 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот.

Вулканскиот песок и неверојатните пејзажи го прават грчкиот остров Санторини најценето место за одмор. Неговата спектакуларна убавина, заедно со динамичниот ноќен живот, го прават островот една од главните туристички точки на Европа. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.Како што рековме Санторини се наога во егејското море и припага на групата острови Киклади.Опфака територија од околу 96 км2,должина на обала од околу 69 км.Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA.На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias.

Не го пропуштајте крајбрежниот главен град Фира, кој е изграден на самиот срт на калдерата, на 260 м над површината на морето. Оддалеку, изгледа како планината да е прекриена со снег, но ако погледете одблизу таа е, всушност, прекирена со бели и пастелни куќи. Ниту возењето со жичара која се движи по работ на вулканот и се спушта 300 метри покрај неверојатни облици на згусната лава. Фира е позната и по дизајнерски outlet – продавници. Бројни патеки и тесни сокачиња водат до многу прекрасни места. Едно од нив е Франковиот бар, познат по својот фантастичен поглед на старото пристаниште. Франко беше ставен на листата на Newsweek на „Најдобри барови во светот“.

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни.

Санторини е еден од 10 најромантични дестинации во светот. Островот на заљубените, своето име го има добиено од заштитничката на островот Света Ирини, за која постои верување дека ги штити паровите кои ќе се венчаат на островот.

Климата е умерена и е медитеранска.Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi,а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима , а во текот на летото нема врнежливи денови.

Центар на случувањата е гратчето Оја распослано по должината на работ на изгасениот вулкан на северниот брег од островот. Тука се лоцирани најлуксузните хотели и има монденски ноќен живот. Светската туристичка организација во 1989 година го прогласи гратчето Оја за најубаво место на светот.

Повеќето посетители остануваат во Камари и Периволос. Тие вообичаено одат во главниот град на екскурзии кои вклучуваат бродски тури до локалниот вулкан, и пливање во жолта вода, која ја добила својата боја од вулканскиот суфлур. Плажите се составени од разнобоен песок (црвен, жолт и црн), а нема турист кој не ги пофалил журките на дното на вулканот. Плажите Периса и Периволос, кои се практично споени, се полни со кафулиња и дискотеки. На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана.

Повеќето посетители доаѓаат да пливаат тука бидејќи на тоа место Егејот е мирен, а некои од плажите имаат невообичаен светло црн песок. Иако долги години е на листата на десет најпосетени дестинации во светот, Санторини останува прекрасен див скапоцен камен на медитеранот, остров на контрасти каде подеднакво се ужива во лудиот ноќен живот и тишината на напуштените плажи со поглед на моќниот вулкан кој постојано ги предупредува луѓето дека парите не може да ја скротат величествената природа.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.