ВТОР ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН 2015

Оваа година на 22 и 23 Aвгуст ќе се одржи 2-риот „ВЕЛЕШКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН” во водите на Езеро Младост на кој ќе бидат запазени сите пропозиции за одржување на манифестација од ваков вид.

Пливањето е во круг по претходно одбележана патека. Еден круг изнесува 2,5 километри. Има три категории: 2,5 километри, 5 километри и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција. Учесници на натпреварувањето можат да бидат сите пливачи од Република Македонија, организирани во клубови или надвор од нив.

ПРВИОТ ДЕН, во Сабота на 22 август со почеток во 10:00h ќе се плива рекреативниот пливачки маратон на кој може да се пријават учесници кои не се членови на пливачки клубови и се рекреативци.
Во 13:00h. настап на групата FLANGERS.


ВТОРИОТ ДЕН, во Недела на 23 август со почеток во 9:30h настап на Тони Андреев.
Во 11:00h ќе се плива македонскиот куп во далечинско пливање на кој учесници можат да бидат само членови на пливачки клубови.
Во 14:00h настап на Мики Секуловски
15:30h доделување на дипломи и медали на најдобрите учесници на пливачкиот маратон


Упатуваме апел до сите оние кои што се заинтересирани, било рекреативци или професионални пливачи да се пријават за учество на 2-риот „Велешки пливачки маратон” и да бидат дел од оваа несекојдневна спортска манифестација. Пријавувањето може да се изврши на Официјалната фејсбук страница на маратонот.

За пријавување учество на Велешки Пливачки Маратон симнете ја апликацијата за пријава од следниот линк (тука) и така пополнета пратете ја на veleskimaraton@gmail.com

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.