Ги ставила нозете на шалтабла и заспала

Скоро сите возачи не ги почитуваат правилата за безбедно возење, разговараат на телефон, го тргаат погледот наместо да гледаат каде возат, се вртат на различни страни. Често кај девојките се случува да ги креваат нозете на шалтабла и така да се возат. Не размислувајки дека може да се направи сообраќајка и да се настрада. Bethany Benson патувајки со своето момче се чуствувала сигурно и ги качила нозете и заспала. Подоцна дечкото удира во приколка од камион и сликата е катастрофална.

Чиста среќа е што двајцата биле врзани со каиш, нивните животи биле спасени. Кога се случил сударот воздушното перниче се отворило и ги кренало нозете со што таа се здобила со удар.

Јас секогаш ги кревав нозете на високо и го спуштав седиштето, тоа е добро за крвотокот. Никогаш не помислив на оваа катастрофа. Изјави Bethany Banson.

Имала многу повреди: пукната очна дупка, пукната коска на јаболчницата, крварење во мозокот, извадена слезина, скршен нос и единаесет скршеници во двете нозе.

Таа сега има голем проблем со мозокот, оштетен и е центарот за говор, има проблем со лошото расположение и потреба од многу лекови.

Ја добив назад мојата ќерка, но многу различна… изгубив 22 годишна ќертка која работеше полно работно време и се спремаше да се запише во универзитет. Таа беше тргната на добар пат. Изјави Mary Lachapelle мајката на настраданото девојче

Таа сака да ги подучи сите што може да се случи доколку  се возат со нозете на шалтабла . Таа сега самата знае дека да ги немала качено нозете, немала толку да настрада.

 

 

Share Button
dare

dare

Уредник на муабет.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.