BOSH FESTIVAL PROMO-NIGHT

БОШ фестивал е еден од постарите, алтернативни фестивали во републикава, фестивал кој 6 лета зрачи позитивна енергија!

БОШ постои и се случува поради волјата и ангажираноста на група млади луѓе од Гевгелија кои сакаат да променат нешто во својот град, а се соочуваат со класичните бирократски општински апсурди кои ни се познати и нам овде. Нешто не е во ред кога “празијади”, “пифтијади” и разни други “-ЈАДИ” се побитни од настани кои ги будат младите од пасивност и летаргија.

БОШ годинава се самофинансира. Да помогнеме и ние овој фестивал да се реализира, да го прослави својот 7-ми роденден, а и уште многу други родендени! Бидејќи знаеме како одат работите. Само со заедничка поддршка ќе успееме да излеземе од досадното секојдневие!

Затоа на 20 август (четврток), БОШ ФЕСТИВАЛ ве поканува и ве очекува на уметност и дружба – BOSH FESTIVAL PROMO-NIGHT, со почеток во 21ч. во МЕНАДА, (Стара скопска чаршија).

БОШ те повикува да дојдеш и да бидеш дел од него!

П р о г р а м а
21 ч. „Љубов.Суета.Почеток“ /поетско – театарски перформанс
Режија: Теа Беговска
играат: Ивана Атанасова и Петар Стојанов
музика:Лука Ѓорѓиевски
Времетраење: 20 мин.

21:30 ч. „За БОШ од пријателите“ /изложба
заедничка изложба на:
Владимир Лукаш,
Кристијан Крстески,
Маја Џеповска,
Сали Ертунч и
Ѓорѓи Митревски.

22 ч. V.L. ADO /дј сет

Бујрум на уметност!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.