Дали сте знаеле дека Волт Дизни и Салвадор Дали соработувале?

Дали сте знаеле дека во 1946 година кралот на цртаните филмови Волт Дизни и шпанскиот сликар Салвадор Дали направиле краток анимиран филм?! Во 1945 година самиот Дали му пристапил на Дизни со предлог за соработка на анимиран фил. Филмот наречен „Destino“ кој е пропратен од мексиканска фолклорна песна што го носи истото име,  содржи анимации направени од Дали и бил готов во 1946 година.
За жал, проектот бил откажан и анимираниот филм не бил објавен поради економските падови кои им ги донела втората светска војна.

dizni

Како и да е, 54 години подоцна, Рој – внукот на Волт Дизни конечно го оживеал проектот. Ангажирал тим на француски аниматори да го испродуцираат 6 минутниот филм на база на белешките на Дали. Конечно во 2003 година била објавена неговата музичка визија. Нивниот труд конечно е достапен на „Youtube“.

Погледнете го ова ремек дело на двајцата виртуози.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.