ЗАБАВА НА MUABET.MK ВО КАФЕ-КНИЖАРНИЦА ВЕШТИЦА

Денес со почеток во 20.00 часот во кафе-книжарница ВЕШТИЦА  решивме да направиме забава на која ги покануваме сите наши пријатели и посетители на веб страницата muabet.mk, да прославиме за почетокот на оваа нова приказна во онлајн светот, со македонски РЕТРО музики кои нема шанси да не ви се бендисуваат 🙂

Пијалоците ќе бидат со намалени цени а забавата ќе ве врати во деведесетите, за која Ќе ни треба магија со нашата  Временска машина, што ќе ве прошета на една Чаирска романтика, каде Скопските девојќи се на Забава до бесвест, со познатиот Фраер од пелени кој паѓа во несвест на Високи штикли, и сака Женска луда фина која ќе ја носи Во парк и ќе го види Стамбол сосе бардовци… 😀

Ве очекуваме!

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.