Проекција на филмот „Трето полувреме“

Утре на Градскиот плоштад во Неготино ќе можете да ја проследите проекцијата на македонскиот филм „Трето полувреме“. Филмот е инспириран од вистинските случки во Македонија за време на бугарската окупација во Втората светска војна. Главните улоги во филмот ги играат: Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апастоловски, Мето Јовановски, Тони Михајловски итн. Сценариото е дело на Гргур Струјиќ, а музиката за филмот ја компонирал Кирил Џајковски. Филмот започнал да се снима на 24 август 2011 година, а снимањето завршило на 27 октомври 2011 година. Премиерата на филмот била на 15 септември 2012 година во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

[su_youtube_advanced url=”https://www.youtube.com/watch?v=ejF1-37J3-A” width=”720″ height=”520″ controls=”no” showinfo=”no” rel=”no”][su_youtube_advanced url=”https://www.youtube.com/watch?v=l5eyLMASbkE” width=”720″ height=”520″ controls=”no” showinfo=”no” rel=”no”][/su_youtube_advanced]

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.