Детска поезија на денот – „Закачко“ од Снежана Петрова-Џамбазова

Закачко

Е, ваков е брат ми Трајче,
ме гледа ко кротко бајче,
штом не гледам ќе ме чепне,
со нога ќе ме препне
ќе ме удри, ќе ме штипне
од орманот ќе ми рипне.
А пред мама и тато
тој е памук, лепче, злато:
за уво ќе се чешка
ќе направи брз смешка
да „замачка“ се што било,
божем мене ми се снило.
И, ај после на некој кажи,
штом мојот збор не се важи.
Е, тоа е брат ми, Трајче
закачко е, леле мајче!

drugarska azbuka

Детската стихозбирка „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова можете да ја најдете на полиците во скопската кафе-книжарница Вештица, затоа што и децата заслужуваат поезија.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.