MX ТРКА – СТАРО НАГОРИЧАНЕ

ПРВА МОТОКРОС ТРКА ВО 2015 – ЗАБЕЛ


По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, на 28-ми август (петок) во Старо Нагоричане на патеката Забел, ќе се одржи традиционална мотокрос трка.
Трката и оваа година е во организација на мото клубот Вардар од Скопје, во соработка со општината Старо Нагоричане. Предвидени се трки во класите МХ1, МХ2, МХ3 (отворена класа) и МХ85, а најавени се и гости од Србија и Грција. Имајќи во предвид дека ова е прва трка за годинава во Македонија се очекува голем интерес и од домашните возачи, а веќе е потврдено и учеството на Христијан Илиоски – Кико, Борче Костов – Жолт и Христијан Станкович кои по завршувањето на трката во Куманово ќе продолжат кон Бугарија каде ќе настапат на трките од Источно Европскиот шампионат во мотокрос.
Трката покрај традицијата годинава ќе има и меморијален карактер во чест на загинатиот припадник на МВР во Куманово, Бобан Ивановиќ. Неговото семејство во знак на благодарност ќе организира вечера за учесниците на трката. Организаторот на трката обезбеди и награди за нај успешните во сите класи. За секој победник се обезбедени две гуми (предна и задна), второ пласираните ќе добијат по една задна гума, додека пак за третата позиција наградата е една предна гума.
Според програмата, во 7.30 ќе започне пријавувањето на учесниците, а веднаш по тоа и слободниот тренинг кој ќе трае до 9.30. Во 10 е закажано свеченото отворање на трката по што ќе започнат возбудувањата на првата трка во сезоната. Патеката Забел има одлична поставеност и овозможува следење на сите возбудувања од една локација, затоа во петок дојдете во Старо Нагоричане и уживајте во мајсториите на нашите кросисти.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.