Tavitjan Brothers & Theodosii Spassov trio – International Jazz Weekend Prilep

Интернационален џез викенд Прилеп” ве поканува на концерт на:

TAVITJAN BROTHERS (MKD)

Diran Tavitjan – Piano
Garo Tavitjan – Drums
Goran Gesovski – Bass
feat. Kiril Kuzmanov – Sax


THEODOSII SPASSOV TRIO (BLG)

Theodosii Spassov – Kaval
Miroslav Turiyski – Piano
Nacho Gospodinov – Drums


Петок 28.08.2015

КЦ Марко Цепенков Прилеп – летна сцена
Со почеток во 21 часот. Влез слободен.

 

Tavitjan Brothers се меѓу најистакнатите интернационални музичари од Македонија. Во изминатите 20 години, тие остварија повеќе од 300 концерти во земјите на Европа, Америка и на Балканот. Светската музичка критика и угледните магазини како Jazz Times, All about Jazz, Jazz dimensions, Concerto, високо ја рангираат нивната музика и изведба која претставува фузија на модерните музички стилови во комбинација со изразните средства на Џезот. Во 2003 тие победуваат на интернационален натпревар на Британската продукција SONYJAZZ во Лондон.
Нивното дискографско портфолио брои 12 албуми, соработки со светски музички имиња како перкусионистот на Sting – Rhani Krija, легендарниот џез вокал Roseanna Vitro, Mo Pleasure – (уметничкиот директор на Earth wind and fire, Michael Jackson и Marcus Miller), John Marshall, Theodosii Spassov, а ја делеа сцената со легендарните уметници како Chick Corea, Joe Zawinul, Gary Burton, Branford Marsalis, Raul Midon, Erik Trufaz, The Blues Brothers, Gato Barbieri, Philip Catherine, и многу други.
Во 2008 заедно со Гарабет Тавитјан го креираат и продуцираат проектот “Македонското срце чука во 7/8” на кое соработуваат со најзначајните Балкански вокали изведувајки ги најубавите традиционални Македонски песни меѓу кои се и Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Горан Бреговиќ, Оливер Драгојевиќ, Аки Рахимовски, Масимо Савиќ, Жељко Јоксимовиќ, Тереза Кесовија, Сергеј Четковиќ, Горан Каран, Јелена Томашевиќ и други. Двојното издание достигнува статус на најпродаван албум во Македонија 6 години во континуитет (2008-2013) како и награди за на јдобар проект, албум, и спот на годината. Во 2008 Браќата Тавитјан добиваат награда за нивниот концерт во Универзалната сала со Теодоси Спасов и Рани Крија. Тоа е воедно и прв инструментален концерт со награда за “концерт на годината” во нашата земја.
Во своето богато концертно портфолио тие остваруваат настапи во некои од најпрестижните концертни сали во светот, меѓу кои се: легендарниот “Blue Note” а подоцна и “Carnegie Hall” во Њујорк, престижната сала Aram Khachaturian (Ерменија), Chopin jazz festival (Лондон), Сала Бугарија (Софија), Сава центар (Белград), Цанкарјев дом (Љубљана), како и концерти во Германија, Швајцарија, Холандија, Италија, Норвешка, Франција, Англија, Албанија, Бугарија, Грција , Србија, Хрватска и многу други.

Добитници се на повеќе признанија и награди :

Самостојни уметници при Министерство за култура на РМ, Амбасадори на Македонската музика, Продуценти и аранжери на годината, Најдобар џез албум, Концерт на годината, Најдобра група, Најуспешни луѓе на годината, Посебен културен придонес на АГБУ во Софија, Бренд амбасадори на компаниите Форд и Тиквеш и многу други.
Во 2015 тие го добиваат признанието – Амбасадори на Европската Џез музика од владата на Ерменија и влегуваат во листата на славните на продукцијата „Mezzo” заедно со Дерек Шериниан (Dream Theatar), Дмитри Хворостовски, Ален Делон, Кристоф Пендерцки и Евгени Кисин.

 

 

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.