Поезија на денот – „Што си ти???,…“ од Давор Крстевски

Што си ти???…

Виножито ли си грешно
една боја што свило
ил си свеж цветен зрак
осамена свеќа во мрак.
Дали си девојка или нечие мило
или си само убавина на црно крило
можеби си смрт во розова градина
ил живот со илјада и една година.
Мрамор ли си тежок
ил зрак црвен жежок
коса ли си црна
ил само око од срна.
Дал си бран езерски син
ил мерак во кафански дим
дал си става самовилска
ил си само игра карневалска.
Дал си бисер гради бел
ил си само алтан јаболко зрел
можеби си сон во око на петелот
ил си само копнеж во пепелот.
Што си, која си, каква си ти
што на усните шербет носиш
во градите срцето што го болиш
во очите пламен што гориш.
На буниште шимшир зеле раѓаш
од небо понекогаш што паѓаш.
Мислите што ги крадеш од крилја
соколски умееш да дадеш.
За да на крај во златна алка
на прст се свиеш мирно до
детенце машко спиеш
тогаш прекрасна не се криеш.
Што си ти???

Ексклузивно и предпромотивно, само во кафе-книжарница ВЕШТИЦА можете да ја најдете стихозбирката „ПРАЗНИ ЅВЕЗДИ“ од Давор Крстевски. Сите претпромотивни книги се со уникатна посвета од поетот за читателите!!! Побрзајте 🙂

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.