Деби концерт на „Project Orpheus“ во кино салата „Фросина“

На 16 – ти септември во 21:00ч, во кино салата „Фросина“, „Project Orpheus“ ќе одржи свој деби концерт.
во склоп на репертоарот на овој концерт ќе биде презентиран  нивниот прв албум „Shaping The Static“.
Материјалот од овој албум ќе биде отсвирен во концептуална изведба, со тематски континуитет, додека воедно ќе ни биде овозможено да ѕирнеме и во дел од творештвото  кое не кани во нивниот втор, последователен
албум кој веќе е во процес на изработка.

Состав на бендот:

Aleksandar Vanchovski – Drums
Martin Josifovski – Bass Guitar
Ivan Petrovski – Electric Guitar / Tambura
Nevrus Bajram – Electric Guitar
Viktor Filipovski – Percussion
Vladimir Krstev – Violin
Oliver Nastovski – Oud / Tambura / Kaval / Bagpipe Chanter
Stefana Markovich – Flute
David Dimovski – Vocals / Acoustic Guitar

[Sound Engineer – Ivica Jankulovski]

Цената на билетите  изнесува 200ден, можете да ги најдете во претпродажба од 1 – ви септември, во билетарницата на МКЦ, Скопје.

www.projectorpheus.com

www.mkc.mk

https://youtube.com/watch?v=ijvcKkf1sUE

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.