Поезија на денот – „Тројна будала“ од Џон Дан (препев – Драги Михајловски)

THE TRIPLE FOOL
ТРОЈНА БУДАЛА

Јас сум две будали, знам мила,
што љубам и имам сила
да пеам во поезија плачна;
но каде е тој мудрец што би бил на раат,
кога не би ме одбивала таа?
Тогаш како што земјините патеки внатрешни, криви и тесни,
ги чистат морските солени далги бесни,
си мислев, кога јадовите би ги ставил во песни,
и мојата болка малку ќе олесни.
Болката внесена во стихови не може да е толку јака,
зашто ја скротува тој што во песни ја ублажува така.

Но кога сторив така,
некој што умешноста и гласот да ги покаже сакал,
ја строса и ја испеа болката своја,
и, забавувајќи многумина, пак ја ослободи таа моја
жал што стихот успеа да ја скроти.
Кон љубовта и жалта данокот на стхот ита,
но не од оној што задоволува кога се чита,
обајцата се зголемени од такви едни песни:
Зашто така се објавуваат триумфите лесни,
а јас, што двајца будали бев, кон тројца еве, идам:
Да сум барем малку мудар, најдобро будала да бидам.

Оваа стихозбирка од избор на песни од Џон Дан којa содржи – песни, свети сонети и проповеди препеани од македонскиот неповторлив преведувач и професор Драги Михајловски, можете да ја надете на полиците во скопската кафе-книжарница ВЕШТИЦА.

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.