РАЗДВИЖИ СЕ СКОПЈЕ! СИТЕ НА ПИКНИК ВО ПАРК!

Во рамките на кампањата – Европска Недела на Мобилност поддржана од Град Скопје, Секторот за заштита на животната средина и природа како и Здружението “Прогрес” и НВО “Фрида”

Ве покануваме на настанот кој има за цел да донесе раздвижување во Скопје и заедничка дружба. Поддржете го настанот и дојдете со својот велосипед, тротинет, скејт, ролери… во недела (20 септември). Искористете ги алтернативните транспортни решенија и сите во 12:00 часот на Пикник Во Парк!!!

Комбинација на опуштена атмосфера во парк, позитивни лица и добра музика. Раздвижете се со DJ CALVO. Повелете на пикник!

Сите посетители се добредојдени да донесат свои пикник масички , ќебенца и други пикник реквизити кои ќе допринесат удобно и опуштено да уживаат во целиот настан.

 

Share Button

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.